Здравје / Исхрана
Природни напивки за разладување
Високите температури ја будат потребата за студено ладни пијалоци, кои даваат моментално освежување. Сепак таквото освежување е привремено, а истражувањата покажуваат дека е извор на потешкотии, на пример забавено и непотполно варење, нетолерантност кон храна, тахикардии.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат навистина да се освежите, а притоа да не му наштетите на организмот.
За организмот правилно да работи, неопходно е да има доволно течности. Дневно треба да пиете, шест до осум чаши вода, чија температура не е пониска од 15 степени. Водата од фрижидерот едноставно е премногу ладна за вашаиот систем да ја свари. Доколку водата ја држите во фрижидер, потребно е да ја оставите 15 минути на собна температура, пред да ја консумирате.
Не е се во температурата
 Свежо исцеденото овошје, разредено со малку вода е идеална напивка. Сок од краставица, кокосова вода, сите овие, по самата своја природа, а не поради тоа што од нив се прават ладни пијалаци, делуваат освежително. Во таквите коктели можете да додадете растенија кои дополнително го ладат телото: мента, латици од роза, листови од целер, поточарка. ... Дополнителните витамини и минерални материи придонесуваа за зголемена хранливост на напивката и за рамнотежа на електролитите во организмот.

Летна класика секако е лимонадата – одличен детоксикант и витаминска напива кој проверено разладува. Освен лимонот, може да се прави и со лајм, со додавање на неколку зрна сол и меласа. Пола лимон/лајм на 7 децилитри вода е пијалак кој најлесно и најбрзо ја враќа елетролитската рамнотежа, а со вкусовите можете слободно да си играте.
Тоа може и со јогурт
Освен на база на вода, особено вкусни се и напивките на база на јогурт и сурутка. Освен што го ладат телото, овие пијалаци ги смируваат воспалителните процеси на цревата, хемороидите или дисфункцијата на црниот дроб. Во текот на делот може да се пијат пијалаци кои содржат половина јогурт или сурутка и половина вода, а во нив може да се стават разни додатоци, на пример, мента, кардамом во прав или сецкано овошје. Навечер не се препорачува јогурт или сурутка, туку со водата помешајте некое обично или растително млеко.
Максимална количина на витамини
Доколку сакате да ја зголемите максималната количина на витамини и минерали која ја добивате од овошјето и зеленчукот, тогаш најдобра варијанта се соковите, кои организмот лесно ги апсорбира. Со цедење на природно овошје и зеленчук се губат влакната. Ако постои потреба од влакна, во нив додајте интегрални житарки. Овошјето е богато со разновидни хранливи материи, но содржи и голема количина на шеќер, поради што нутриционистите не препорачуваат повеќе од две порции дневно. Поради големата количина на шеќер овошјето во големи количини би можело да биде штетно за дијатебетичарите кај кои може да дојде до зголемување на нивото на шеќерот во крвта. Затоа се препорачува да се додаде спанаќ, морков и целер. Со мешање на повеќе видови на овошје и зеленчук се внесува поголема количина на хранливи материи, а се подобрува и вкусот на напивката.
(Д.Т)
|