Здравје / Исхрана
Азиска тиква против дијабетес

Екстрактот од азиска тиква го забавува напредувањето на шеќерната болест тип 1, покажуваат прелиминарните резултати од новата кинеска студија. Кај луѓето кои боледуваат од дијабетес тип 1, имуниот систем по грешка ги напаѓа бета клетките на панкреасот, кој е задолжен за произведување на инсулин. Без инсулин, нивото на шеќер во крвта станува превисоко, а во тој момент организмот не може да го искористи шеќерот, поради што во прашање се доведува животот на пациентот. Интегралното печиво го штити срцето. Исхраната која изобилува со интегрални житарки овозможува намалување на вишокот килограми, но и намалување на ризикот од хронични болести, како што е дијабетесот и кардиоваскуларните болести. За време на истражувањето се покажало дека се намалување и нивото на воспалениот маркер, кој се поврзува со зголемениот ризик од дијабетес, зголемен крвен притисок и кардиоваскуларни болести. (Д.Т)
|