четврток, 05.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Здравје / Исхрана

„Волшебно овошје“ - од киселo во благо

Изгледа како нешто што е произведено во фабриката за чоколада на Вили Вонка, бобинка која се што е кисело го претвора во благо.

Со неа, лимонот ја губи својата острина, оцетот има вкус на шери, Guinness добива вкус на чоколадно млеко.

По големиот успех во САД, таканареченото „волшебно овошје“ пристигна и во Британија.

Достапно е во форма на гранули, кои откако ќе ги ставите под јазик, го менуваат вкусот од кисело во благо, и тоа во следните два часа по земањето на гранулата.

Дваесет и осумгодишниот Чез Бар од Лондон се откажа од својата работа како ИТ специјалист за да ја продава оваа западно африканска бобинка на својот веб-сајтот www.miraclefruit.co.uk.

Во изминатите осум месеци продажбата драстично порасна. Од само една до две нарачки месечно до неколку илјади неделно.

Бар вели дека поголем дел од неговите муштерии се студенти кои постојано се во потрага по интересен начин за забавување на вечерните седенки.

Бар продава исушени-смрзнати гранули и семиња од ова овошје, кои не само што не расте во Британија, туку има и краток рок на траење.

„Земете во прсти повеќе гранули и ставете ги на јазикот и тријте ги неколку минути , така што ќе ја покриете целата површина на јазикот. Потоа сте спремни за тестирање. Ви советувам да пробате се што ви се наоѓа во фриждерот“, вели Чез Бар.

Бобинката чие латинско име е „Synsepalum dulcificum“, содржи протеин кој делува на рецепторите за вкус, кои привремено се што е кисело и горчливо го прави да изгледа послатко.

Адам Морис, кој го има пробано волшебното овошје вели дека е воодушевен од него, особено кога го јаде во овошна салата, која со него добива чудно-интересен вкус, полн со контрасти.

И додека бобинките ја прават храната послатка и повкусна, доколку се додадат во зрело пиво или вино, го прават пијалакот помалку питок. Производите кои веќе се благи, на пример ананасот стануват претешки за јадење.

Бобинките, наводно стануваат се популарни и кај пациентите со рак, на кои им помагаат да го прикријат металниот вкус во устата кој е последица на хемотерапијата.

Овошјето, кои за првпат западните пронаоѓачи го откриле во 1725 година би можело да се користи и како алтернатива на шеќер, за лицата кои се на диета или пак страдаат од дијабетес.

Овошјето само по себе не е благо, а неговиот ефект зависи од тоа што после него се јаде.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Ладната вода сепак најдобра за изгореници
„Волшебно овошје“ - од киселo во благо
Азиска тиква против дијабетес
Диета ако имате...
Синдром на вознемирени нозе
Болки кои не смее да ги игнорирате
Долгата редица за операција на вишок килограми
Млекото ја намалува телесната тежина
Диета за болестите на црниот дроб
Пицата извор на антиоксиданси
Умерено со јадењето риба
Функционална храна - нов тренд на лекување
Фолната киселина важна при бременоста
Прилагоденото време за јадење ги лечи болките
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи