четврток, 12.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Здравје / Исхрана

Со краставица до здравје и убавина

Без разлика дали користите краставица во салата или како маска за лице, таа секако е корисна.

Поради големата количина на вода, овој вид на зеленчук е одличен, пред се за слабеење. Краставицата се состои од 95 отсто вода. Кој во текот на топлите денови пие малку вода, може со јадење краставица да го надомести недостатокот на течности во организмот, објаснува професор Хадемар Банкхофер.

Ова е познато уште од античко време, кога краставицата ја нарекувале и „шише со вода од градината“.

„Римските легионери секогаш на сите своите рути носеле подвижни стакленици во кои се одгледувала краставицата. Секој легионер имал право на една краставица, долга по 10 сантиметри“, објаснува Банкхофер.

Тоа исто така можете и самите да го испробате. По напорно возење на велосипед или пешачење изедете краставица, ќе почувствувате дека брзо „сте си дошле на себе“.

Во оние пет отсто од краставицата, кои не содржат вода се наоѓаат многу корисни состојки: магнезиум, кој е добар против стресот, калијумот за нервите, бакарот, кој превентивно делува против реуматските болки и горчливи состојки кои го хранат црниот дроб. Најважен ензим во краставицата е ерепсинот, кој го олеснува обработувањето на белковините.

Краставицата има малку калории – во 100 грама има 14 калории. Освен тоа има диуретично дејство, односно го поттикнува исфрлањето на течности и брзо заситува. Се јаде со се лушпата (само доколку е биолошки одгледувана) во која се наоѓаат состојки кои го подобруваат варењето.

Овој зеленчук е особено корисен во борбата против стареењето. Кога ќе ставите исечкана краставица на лице, чувствувате дека кожата просто ја впива водата од неа.




Наjновo од Здравје
Србите ги „оставаат“ клетките во Брисел
Објавете војна на лошото варење
Со мочка од крава против дијабетес?!
Црните пломби штетни за здравјето?
Тестенини - за здраво срце , за бистар ум
Кламидија - модерна и тивка зараза
Со краставица до здравје и убавина
Диета со грозје
Природни напивки за разладување
Диети кај децата имаат контра ефект
Со алкохол против артритис
„Волшебно овошје“ - од киселo во благо
Азиска тиква против дијабетес
Диета ако имате...
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи