четврток, 12.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Здравје / Исхрана

Тестенини - за здраво срце , за бистар ум

За здраво срце е потребна храна полна со тестенини, салати, овошје и зеленчук, маслиново масло и лук. Истражувањата покажуваат дека кај луѓето што вака се хранат ризикот за коронарно заболување е намален за 75%. Тестенините немаат масти. Маслиновото масло содржи мононезаситени масти, кои го намалуваат холестеролот во крвта, а со тоа ја намалуваат можноста за артериосклероза. Ова масло е богато и со витамин Е, кој ја спречува појавата на наслагите на ѕидовите на артериите. Рибиното масло го штити крвниот систем со помош на омега 3 масните киселини. Овошјето и зеленчукот, особено зелените, обезбедуваат аминокиселини на витаминот Ц и Е и бетакаротинот.

Силата на умот расте со помош на полинезаситени масни киселини како што е омега 3 во рибиното масло, кое важи и за најдобра храна за мозокот. Во едно истражување е докажано дека бебињата што се хранат со млеко во кое има додаток на омега 3 масни киселини, имаат зголемен коефициент на интелигенција на седумгодишна возраст. Менталната будност може да се зголеми и со калциумот, кој го има во лимоните, пороткалите, сончогледот, бананите и компирите, во јајцата, сојата, сирењето и бадемите. Добрата комбинација на овошје и зеленчук во исхраната ја подобрува циркулацијата на крвта, а со тоа до мозокот пристигнува и поголемо количество кислород.

За долговечноста е потребно во исхраната овошјето и зеленчукот да бидат присутни петпати дневно. Тие содржат антиоксиданси, витамин А, Ц, и Е, како и селен, а сево ова штити од дегенеративни процеси како што се срцевите заболувања, ракот и дијабетисот. Сите истражувања покажуваат дека нискокалоричната и хранлива исхрана го продолжува животниот век. Од друга страна пак, протеинската исхрана го скратува животниот век.

За вито тело треба да се применуваат диети базирани на житарки, овошје и зеленчук, а не на заситени масти и засладена храна. Јаглените хидрати побрзо гојат отколку мастите. Но, диетата мора да се комбинира и со физичка активност и вежбање за да се постигнат саканите ефекти. Притоа се потребни повеќе протеини, со што се спречува трошењето на мускулите и повеќе јаглени хидрати, кои го намалуваат заморот и го забрзуваат метаболизмот, што пак, доведува до неутрализирање на вишокот масти.


Наjновo од Здравје
Србите ги „оставаат“ клетките во Брисел
Објавете војна на лошото варење
Со мочка од крава против дијабетес?!
Црните пломби штетни за здравјето?
Тестенини - за здраво срце , за бистар ум
Кламидија - модерна и тивка зараза
Со краставица до здравје и убавина
Диета со грозје
Природни напивки за разладување
Диети кај децата имаат контра ефект
Со алкохол против артритис
„Волшебно овошје“ - од киселo во благо
Азиска тиква против дијабетес
Диета ако имате...
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи