вторник, 17.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Здравје / Исхрана

Објавете војна на лошото варење

Сакаме да јадеме, но тегобите кои се јавуваат после јадењето е нешто што просто ја убива желбата за храна. Иако понекогаш ни се чини дека жените имаат повеќе проблем со чувството дека изеле вол, тие само повеќе се жалат, за разлика од мажите кои молчат и трпат, сметајќи дека тоа е нормална непријатност.

Дека нема бегање од надуени стомаци докажува и тврдењата на експертите дека секое возрасно лице  има проблеми со варењето во одреден период.

Што всушност е надуеноста?

Варењето е хемиски процес во кој храната се разложува на компонентите од кои црпиме енергија и хранливи материи. Тоа што ќе остане е вишок кој го исфрламе од телото. Дел од тие некорисни материи се гасови кои лесно се спроведуваат низ телото, благодарение на еластичноста на цревните канали. Но, понекогаш, голема количина на гасови кои се на база на сулфур предизвикуваат растегнување на црвените ѕидови поголемо од тоа што се нарекува нивна граница, поради што се создава непријатно чувство на отеченост. Причината за отекувањето е лошото варење кое создава повеќе гасови од вообичаеното, без разлика дали штотуку сме јаделе или тоа сме го направиле пред неколку часа.

Како да се справите со тоа?

Доволно е да ги промените навиките на исхрана, тврди докторката Венди Денинг.

Според Денинг, некои луѓе се генетски предодредени да се склони кон „надувување“, кое е последица на таложење на преголема количина на гасови во цревата, најчесто етанол. Причината за ваквата појава Денинг ја гледа во должината на цревата, Луѓето со подолги црвеа имаат поголеми изгледи за нивно затнување со гасови. Поради поголемата должина на цревата, токсичниот отпад кој настанува во текот на варењето подолго се задржува, а тоа пак на бактериите им дава повеќе време за да ги произведат гасовите.

Доколку сметате дека пречесто имате проблеми со надувување, обидете се  подобро да ја соџвакате храната, наместо да ја голтнете и да создадете воздушни џебови. Ова не само што ќе помогне за подобро варење, туку ќе придонесе за поголемо производство на плунка која уште во устата започнува да ја разградува храната и им праќа сигнали на ензимите за варење да станат активни. Земајте помали залаци. Доколку откинувате поголеми парчиња, постои голема веројатност со храната да вцицате и воздух во желудникот и цревата. Не се прејадувајте. Обрнете внимание која храна ви одговара, а која не и отстранете ја од менито. Млекото и млечните производи честопати знаат да направат проблем при варањето.

Земете цинк – овој минерал го има особено во бадемите, мисиркиното месо и во кајсиите. Недостатокот на цинк во организмот придонесува за намалување на квалитетот на варење. Пијте јогурт – здравите бактерии ќе ви помогнат многу. Избегнувате ги газираните пијалаци, соковите и избегнувајте да пиете додека јадете. Исфрлете ги од менито намирниците кои предизвикуваат отекување на стомакот, како што се алкохолот, кафето, масната и зачинетата храна. Јадете  најмалку три часа пред спиење. Избегнувајте премногу ладни и врели јадења. Пијте доволно вода. Вежбајте.

Други причинители

Понекогаш причина за отеченост може да биде и женската орална контрацепција: хормоните може да придонесат за задржување на течноста во организмот. Затоа избегнувајте ги солените јадења и посоветувајте се со гинеколог. Одредени апчиња имаат диуретичко својство, па со самото тоа ја намалуваат отеченоста.

Се случува причина за отекувањето да не биде начинот на живеење и навиките, туку телото кое создава вишок на киселини за варење, отколку вообичаеното, да тоа може да доведе до отечување, а подоцна и до гастритис. Отечениот стомак може да е резултат и на инфекција, која ја создава Helicobacter Pylori, бактерија која понекогаш се наоѓа длабоко во стомакот, Оваа инфекција бара лекарска помош и лечење со антибиотици. Третата причина за оваа појава се годините. Колку што повеќе старееме, толку повеќе опаѓа толеранцијата кон одредени намирници, бидејќи на секои десет години панкреасот ја намалува количината на излачени ензими за варење.




Наjновo од Здравје
Алергиски убоди од инсекти
Медицинско чудо - ја измамил смртта!!!
Салмонелата – користи трикови
Здрава храна - здрави заби
Исхраната и шеќерот
Дојката, дебелот црвео и дробовите главна мета на ракот
Напредок во развој на вакцина против грип
Неколку совети за печурките
Бебе со пенис на грбот
Објавете војна на лошото варење
Тестенини - за здраво срце , за бистар ум
Со краставица до здравје и убавина
Диета со грозје
Природни напивки за разладување
Диети кај децата имаат контра ефект
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи