Здравје / Исхрана
Здрава храна - здрави заби
Денес е докажано дека шеќерите од исхраната се силен фактор за појавата на забен кариес. Пред нас, значи, стои прашањето дали шеќерот, како докажан директен причинител на кариесот, можеме да го исфрлиме од исхраната? Тоа е неможно. Скоро сé што јадеме или пиеме во себе содржи шеќер во различен облик и тој му е потребен на организмот за нормално функционирање.
Овошјето и зеленчукот го содржат шеќерот како дел од сопствената клеточна градба (шеќерот како дел од сопствената клеточна градба (шеќери интринзинг), но во исхраната користиме и продукти што се екстра - засладени со слободни или додадени шеќери (шеќери екстринзинг). Овие шеќери може да се од млечно потекло (лактоза) или немлечни шеќери, а најопасни по здравјето на забите т.е. со најголем кариоген потенцијал, се додадените шеќери како белиот шеќер (сахароза), но и медот.
Храната условно можеме да ја поделиме на продукти и пијалаци со слаб, умеррен или изразен кариоген потенцијал. Секако дека со најјако изразен кариоген потенцијал се продуктите од концентрирани шеќери, лепливи за забите, како што се карамелите, тврдите бонбони, лижавчиња, слатки прелиени со шербет, суво грозје, урми, банани, овошни сокови...
Најмалку кариогени се млекото, сирењето, кикириките, житариците. Затоа, секогаш е препорачливо јадењето да заврши со некој од неутралните продукти (сирење или кашкавал) со што ќе се овозможи плунката брзо да ја совлада киселоста во устата, предизвикана од ферментабилните шеќери. Но, како да му објасните на детето дека е подобро за него ако земе сирење, а не чоколада или колач? Секоја изричита забрана носи контра ефекти, па дејствувањето во тој правец сигурно би било многу погрешно. Исклучително е корисно да се советува детето слатките да ги јаде по главниот оброк.
Многу битна компонента во зачувувањето на здравјето на забите е режимот на исхрана. Конципирајте го така што акцентот ќе биде ставен врз главните оброци. Ако уживате во слатките, земајте ги веднаш по оброкот, а не меѓу оброците. Треба да се знае дека меѓу оброците мора да има пауза. За тоа време ќе и дозволиме на плунката да ја изврши потребната неутрализација на средината за да може да се одвива процесот на реминерализација на забите. Ако постојано нешто грицкате или потпивнуватте, едноставно не дозволувате да дојде до реминерализација и појава на нови кариозни лезии.
Илустративен е примерот на едно младо момче кај кое на последниот контролен преглед се уврдени осум нови кариеси. Претходно немал ниту еден несаниран заб и редовно одел на контролни прегледи. Забите ги четка барем трипати на ден. Во исхраната не променил ништо значајно што би било причина за појава на нови кариеси. Проблемот лежеше во промената на режимот на исхрана. Поради новото работно време и обемот на работа, оброците му се сведуваат само на чести ужини "Snackes" и постојано грицкање овошје. Навечер работи до доцна и полека пие сосема малку засладено инстант-кафе. Новите 8 кариозни лезии се резултат на промената на начинот на кариозните заби и укажувањето на причините за појавата на кариесите, се враќа на поранешниот режим на исхрана. По две години не се утврдени кариозни заби. Мора да имаме на ум дека без разлика колку често ги миеме забите, сепак една петина од површините останува потенцијално неисчистена, зашто некои површини од забите се едноставно тешко или недостапни за четкање. Затоа во секој случај, мора да внимаваме како се храниме. Дури и овошјето и малку засладените пијалаци, ако се земаат во многу чести интервали, претставуваат храна со силно изразен кариоген потенцијал и може да доведат до кариозни лезии на забите.
Она што треба да го направите во одбрана од негативното дејство на шеќерите врз вашите заби е да купите забна паста што во себе содржи флуор. Зошто? Затоа што флуорот е со многукратно позитивно дејство врз забите и е докажан како најмоќен заштитник против дејството на шеќерите. Со редовно четкање сигурно ќе го намалите ризикот за појава на нови кариеси.
Во прилог на ова говорат истражувањата направени во западна Европа и во САД. Во втората половина на 20 век, потрошувачката на шеќер рапидно расте во сите земји од Европа и од САД, а расне и бројот на кариозни заби. Сепак, во последните две децении, бројот на кариозни заби кај децата и населението воопшто во западноевропските земји почнува да се намалува, а при тоа потрошувачката на шеќер по жител годишно е зголемена или останува иста. Ова се толува со почетокот на масовната примена на флуорот во пастите за заби, како дел од програмата за заштита на забите. Во последно време се прават напори сахарозата да се замени со други шеќери или вештачки засладувачи. Но, како што вели старата кинеска поговорка во секое зло има по малку добро и во секое добро по малку зло, така и примената на вештачките засладувачи не е сосема безопасна по здравјето на човекот. Затоа, за секој случај, не треба да им се дават на децата во претшколска возраст.
Употребата на флуор, придружена со редовно четкање на забите и придржување до понудениот режим на исхрана (поретко изложување на забите на ферментабилни шеќери) се покажува ефикасно во превенцијата на забниот кариес кај поголемиот дел од населението.
|