вторник, 17.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Здравје / Исхрана

Соковите од зеленчук поздрави од овошните

Безалкохолни освежителни пијалаци, од типот на лимонадата и соковите се најомилени кај луѓето, но научно е докажано дека тие може да бидат и штетни за организмот. Тие содржат голема количина на природен шеќер, а не ретко и се засладуваат, поради што претставуваат вистинска калориска бомба. Затоа виенскиот професор Хадемар Банкхофер препорачува да се пијат соковите од зеленчук.

Наспроти овошните сокови, овие направени од зеленчук помагаат при слабеењето, речиси и да не содржат шеќери во себе, а богати се со биоактивни материи, кој најчесто ја диктираат бојата на зеленчукот.

На пример, бојата на морковот или на пиперката има лековита моќ, вели Банкхофер. Меѓу соковите од зеленчук вистински фаворит е оној од морков. Тој е класичен лиферант на природен бета-каротен, кој во организмот се преработува во витамин А и им помага на очите, дишните патишта, на кожата и дава сила да се бори против сонцето, а помага и при избелување на старечките флеки.

Доколку во сокот од морков ставите неколку капки маслиново масло ќе помогнете на организмот подобро да го апсорбира витаминот што ја разградува маста.

Банкхофер препорачува и сок од домат. Црвениот пигмент во доматот, ликопин, е особено важен за срцето и крвотокот, а исто така штити и од рак. Според виенскиот професор, здраво е да се пие и расол, бидејќи тој придонесува за подобрување на варењето, а воедно на организмот му дава голема количина на витамин Ц. Бактеријата на млечната киселина ја создава цревната флора, помага да останеме здрави. Доколку не сте знаеле 70 отсто од имунитетот се создава во цревата. Сокот од цвекло исто така е здрав, а се препорачува да се пие во комбинација со портокал.

Професорот Банкхофер советува овошните сокови да не се пијат чисти, туку задолжително да се разблажуваат со вода.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Соковите од зеленчук поздрави од овошните
Алергиски убоди од инсекти
Медицинско чудо - ја измамил смртта!!!
Салмонелата – користи трикови
Здрава храна - здрави заби
Исхраната и шеќерот
Дојката, дебелот црвео и дробовите главна мета на ракот
Неколку совети за печурките
Бебе со пенис на грбот
Објавете војна на лошото варење
Тестенини - за здраво срце , за бистар ум
Со краставица до здравје и убавина
Диета со грозје
Природни напивки за разладување
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи