
|
 |
Здравје / Исхрана
Не го одбегнувајте лебот
Го обвинуваат дека влијае на килограмите и дека е сиромашен со значајни материи, а сепак тој претставува темелна храна. И тоа нужна. Еве пет причини да не го одбегнувате лебот:
 Ги грани мускулите
Бидејќи лебот и печивата содржат белковини од растително потекло и малку маснотии, па затоа е одличен за мускулите.
Дава енергија
Сложените јагленохидрати или “долготрајните” шеќери (55 гр во 100) на подолго време му даваат на организмот енергија и тоа многу повеќе од рафинираните шеќери што значително го креват нивото на шеќерот во крвта, кој потоа нагло паѓа (хипогликемија). Доколку наутро појадувате црн леб, во 11 часот нема да чувствувате потреба да јадете нешто слатко.
Нема многу маснотии
Просечниот индустриски леб има најмногу од 1-2 % маснотии, а содржи незаситени масни киселини, многу вреди за организмот, бидејќи го заштитуваат срцето и крвните садови.
Богатство во еден залак
Најпосле, содржи многу вредни материи, како што се сите Б витамини, магнезиум, фосфор, железо, се што го потикнува растењето, го забавува стареењето на ќелиите. Црниот леб содржи трипати повеќе магнезиум и витамин Е од белиот леб.
Ја спречува опстипацијата
Лебот со трици има 10 гр. влакна на 100 гр., лебот од цело пченично зрно содржи 6, белиот леб од 3-4 грама. Значи дневно треба да се земаат од 25 до 30 гр. влакна, а просечно се земаат околу 15 грама.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|