петок, 20.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Здравје / Исхрана

Со обилен појадоk до вита става

Богатиот појадок навистина претставува најважниот оброк во текот на денот, барем кога станува збор за слабеењето. Имено, научниците откриле дека обилниот појадок има позитивно влијание за разлика од нискокалоричниот појадок.


Со истражувањето кое неколку месеци е спроведувано врз 94 жени со вишок на килограми, е откриено дека жените на кои им е препорачано наутро да изедат повеќе од половина од дневната доза на калории, изгубиле повеќе килограми, во споредба со оние на кои им е препорачана за појадок да имаат нискокалоричен оброк.

Жените биле поделени во две групи. Првата за појадок јадела по 294 калории, додека втората по дури 610 калории. На жените со обилен појадок им било препорачано да јадат по 58 грама јаглехидрати, 47 грама протеини и 22 грама масти, додека групата со лесен појадок имала по 7 грама јаглехидрати и 12 грама масти.

Неколку месеци по почетокот на диетата, жените кои биле на „слабеење“ со слаб појадок во просек изгубиле по 12,7 килограми, а оние со обилни утрински оброци ослабеле 10,4 килограми.

По завршувањето на диетата, која траела осум месеци, бројката се свртила во полза на обилните појадоци, така жените кои јаделе помали оброци за појадок почнале да си ги враќаат килограмите назад, во просек по 8 килограми, додека жените кои јаделе обилни појадоци враќале во просек по 7,4 ки9лограми.

Заклучокот е дека малите порции на појадок може подоцна да ја зголемат потребата за храна, додека „големиот“ појадок го контролира апетитот и ја спречува желбата за зачестени нездрави оброци, начесто брза храна.

Експертите исто така препорачуваат секој оброк, не само појадокот да е богат со овошје, зеленчук и витамини.


Наjновo од Здравје
Со обилен појадоk до вита става
Сладолед за добро расположение и здравје
Не го одбегнувајте лебот
Кажете му стоп на „атлетското стапало“
Кафето не е штетно
Пушачите имаат проблеми со слухот
Соковите од зеленчук поздрави од овошните
Здрава храна - здрави заби
Исхраната и шеќерот
Неколку совети за печурките
Бебе со пенис на грбот
Објавете војна на лошото варење
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи