
|
 |
Здравје / Исхрана
Омега-3 масните киселини и очните болести
Јадењето на храна богата со омега-3 масни киселини, како што е рибата, би можело да им помогне на некои луѓе за 1/3 да го намалат ризикот од сенилна дегенерација на макулата, покажало истражувањето објавено во „Annals of Ophthalmology“.
Омега-3 масните киселини се витален дел од ретината и постои можност недостатокот на оваа хемикалија да го поттикне процесот на оваа болест, вели доктор Елеин Чанг, која ја предводела студијата. Истражувањето е извршено со споредбена анализа на девет студии кои заедно опфаќаат 88.974 лица, од кои 3.000 имаат сенилна дегенерација на макулата.
Анализата покажува дека исхраната која е богата со риба, односно во која барем два пати неделно е вклучена рибата е поврзана со намалувањето на ризикот од оваа болест.
Со оглед на тоа што анализата не дава цврсти докази, др. Чанг не препорачува промена на диетата.
 „Има премалку докази во постојната литература, малку студии и неколку нецелосни клинички истражувања кои би ја поддржале рутинската исхрана за спречување на болеста“, вели Чанг.
Досега е утврдено дека пушењето е еден од ризиците за развој на сенилна дегенерација на макулата.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|