вторник, 24.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Здравје / Исхрана

Течно злато на природата

Уште оснивачот на медицинските науки Хипокрит и познатиот персиски лекар и филозоф Авицена го користеле и препорачувале за лекување на одредени болести

Во старите времиња медот го сметале за божји дар кој им е испратен на луѓето за среќа.

Уште тогаш луѓето знаеле дека освен хранливи има и лековити својства, па го користеле и препорачувале за лекување на одредени болести и основачот на медицинските науки Хипокрит, како и познатиот персиски лекар и филозоф Авицена. Во текот на историјата медот уште го нарекле и течно злато на природата, сок на небеската роса, еликсир на здравјето... Денешната наука гои потврди извонредните својства на медот и другите производи на пчелите. Утврдено е дека медот, млечот, поленовиот прав и прополисот имаат многу сложен состав, со идеално катализатори и биостимулатори во човечкиот организам обезбедувајќи му многу заштитни и лековити материи. Сепак во конзумирањето на медот постојат некои правила, како, кога и колку мед да се зема.

  • Веќе од третиот месец по раѓањето на бебињата може да им се дава по пола лажичка мед дневно но задолжително растворен во млеко, чај или кашичка. Децата од училишна возраст можат да земаат по две лажички, а возрасните и повеќе, но најмногу до 100 грама дневно (ако е за лекување).

  • Медот посебно им се препорачува на рахитичните, анемичните и слаби деца заедно со рибино масло. Тогаш подобро се искористува Д витаминот, а се користат и некои минерали.

  • Младите кои се занимаваат со спорт редовно треба да земаат мед за да ја надополнат изгубената енергија.

  • Бремените кои срадаат од мачнина и повраќање треба да земаат мед растворен во млака вода што ќе им намали тешкотиите.

  • Доилките, исто така, треба да земаат мед што ќе им годи на бебињата и го намалува ризикот од рахитис.

  • Жените кои имаат климатерични тешкотии треба да земаат мед со млеч и полен па тешкотиите ќе се намалат, дури и ќе исчезнат.

  • Медот и другите производи на пчелите треба да се земаат и за време на епидемии бидејќи ја зголемуваат отпорноста на оргнаизмот.

  • Кај старите луѓе медот го подобрува функционирањето на скоро сите органи, им ја вра”а силата и отпорноста, па стручњаците велат дека медот ја олеснува староста.

  • Важно е да се знае медот да не се зема чист бидејќи кај чувствителните луѓе може да предизвика грчеви во желудникот. Најдобро е да се зема растворен во течност (млеко или чај). Ако сепак се зема со лажичка тогаш најдобро е да се стави под јазикот и полека да се топи.



Наjновo од Здравје
Течно злато на природата
Симптоми на труење со храна
Успешно лекување на меланом со клонирани клетки
Омега-3 масните киселини и очните болести
Херпес зостерот е наследен
Со обилен појадоk до вита става
Сладолед за добро расположение и здравје
Не го одбегнувајте лебот
Кафето не е штетно
Соковите од зеленчук поздрави од овошните
Здрава храна - здрави заби
Исхраната и шеќерот
Неколку совети за печурките
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи