
|
 |
Здравје / Исхрана
Неколку збора за лубениците и дињите
Лубениците и дињите повеќето од нас ги сметаат за вкусно овошје, но притоа грешиме - лубениците и дињите не се овошје туку зеленчук, блиски роднини на тиквите и краставиците. Што и да се, благоста и пријатниот освежувачки вкус никој не може да им го оспори, како ни вредните состојки. Спротивно на установеното мислење дека главно содржат вода и шеќер, лубенциите и дињите имаат низа корисни состојки, благотворни за организмот.
Иако во ботаничка смисла се зеленчук, во гастрономска смисла лубениците и дињите можеме да ги сметаме за овошје, и тоа она со најмалку калории.
Лубеницата не може да се конзервира, да се суши ниту да се замрзнува, затоа добро искоритете ја нејзината сезона која е на врвот. Слатки и сочни, лубениците се идеален летен десерт. Од нивниот сок може да се подготви сируп, додека корките се преработуваат во џем.
Најголемиот процент од делот кој се јаде е вода, но богата со витамини, минерали и други хранливи состојки. Да го споменеме само изобилството на витаминот Ц, витамините од групата Б, каротинот, калиумот, магнезиумот, фосфорот, органските елементи... Лубениците и денес се препорачуваат како помош при уринарните инфекции, тие ја поттикнуваат работата на бубрезите и на некој начин го чистат организмот. Поради своите состојки поволно влијае и врз изгледот на кожата.
Дињата има слични особини како и лубеницата. Богата е со витамин Ц, а оние портокаловите изобилуваат со витамин А, така што слатката и сочна диња, исто така, е многу важна за човековиот организам. И лубениците и дињите, велат стручњаците, добро е да се јадат, на пример, за ублажување на последиците од хемотерапијата.
Освен како одлично летно освежување, дињата може да се користи и на безброј начини. Главно ги откриле Французите (а кој друг ако не тие), кои дињите ги ставаат во супите, во палачинките, а подготвуваат и солени и зачинети јадења со диња. Ако сé уште не сте пробале, тогаш секако пробајте ги со пршута! Ако не сте толку гастрономски освестени, освен во свежите плодови, можете да уживате и во сушените семки.
И совет за крај: свежите дињи лесно упиваат мириси од околината, затоа во фрижидерот чувајте ги завиткани во пластична фолија.
*** ЗЕЛЕНЧУК
Пиперките, тиквичките, морковите, кајсиите и дињата дејстуваат против болките предизвикани од физичка активност: дека витаминот А и бетакаротинот се елементи неопходни за одржување на ефикасноста на организмот добро е познато од многу одамна.
“Клетките во нашето тело секојдневно се нападнати од слободните радикали, објаснува д-р Гледис Блок од Училиштето за здравје на населението при познатиот универзитет Беркли. Тоа е доволно да се сфати дека консумирањето на супстанции кои имаат антиоксидантно дејство е превентива и неопходна помош за нашиот организам.
Наменет за оние што се занимаваат со спорт, овој зеленчук игра активна улога во случај на болки во зглобовите, затоа што витамините што ги содржат ги заштитуваат коскеното ткиво и 'рскавицата. Последен совет: зачинете го зеленчукот со маслиново масло за да се олесни апсорпцијата на овие состојки.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|