четврток, 26.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Здравје / Исхрана

Внимание – и доматите можат да пренесат салмонела !

Откривањето на 277 случаи на заболени од салмонела, предизвикана како последица на јадење домати, во последните два месеци во САД предизвика неверица, но и сериозна загриженост меѓу научната јавност. Болеста е регистрирана во 23 сојузни држави, со што се отфрла можноста за локален инцидент. Освен тоа, дефинитивно, нема никаков сомнеж дека предизвикувач на болеста е бактеријата салмонела, пренесена преку доматите.

Иако не се знае од кој регион на северна Америка дошле заразените плодови, со сигурност се тврди дека салмонелата е пренесена од плодови кои се собрани пред зреење. Тоа не е само вообичаена американска практика, зашто за да стасаат до пазарите и во рафтовите на маркетите доматите мора зреењето да го „доживеат“ во две-три неделната маршрута од нивите до дистрибутерите, па до крајниот потрошувач. Исто толку време поминуваат и  доматите кои ги консумираат Европјаните, особено во земјите кои се увозници на атрактивниот црвен плод.

Во светот годишно се регистрираат околу 350.000 случаи на заболени од салмонела, а најголемиот број се поврзува со консумирање на неисправна храна од животинско и птичје потекло. Сознанието дека и доматите носат потенцијална опасност загрижија многумина, затоа што според статистиката доматите се на четврто место на листата на најмногу консумирани зеленчуци. Загриженоста ја зголемија и неколку сериозни студии за можната поврзаност на доматите и салмонелата, а дел од нив имаа ударно место во американските медиуми.

Стручњаците заклучија дека главна причина за присутво на бактеријата салмонела во доматите е водата со која се наводнуваат. Се сомневаат дека доматите-преносници се полевани се загадена вода, а можеби и со води „збогатени“ со сите опасни отпадоци од канализациските мрежи. Опасно е, додаваат стручњаците, ако нивите засадени со домати ги зафати поплава.

За да се избегне каков и да е сомнеж дека провокативниот плод може да го зарази човекот со опасната салмонела, нутриционистите препорачуваат најмногу да се внимава  на потеклото на доматите. Ако не сте сигурни од кој регион доаѓаат доматите, подобро е да ги избегнувате. Првиот сомнеж за несигурноста е недостигот на зелената дршка, или пак целата зелена лоза кај помалите домати.

Доматите треба да се мијат исклучиво со проточна вода, а ако се со оштетена лушпа, или почнале да темнеат на некој дел, тие се потенцијални носители на салмонела.

Мелинда Хемелгран од Колумбија универзитетот, позната како голем борец за „нормален одржив развој на планетата земја“ препорачува да не се јадат домати кога не е нивната природна сезона. Увезените, од далеку донесени, домати поминале низ многу искушенија – од можното неадекватно наводнување, нивното патешествие покрај бројни потенцијални загадувачи, до складишта и рафтови кои не секогаш се безбедни. Затоа, советува таа, ако немате можност да го направите најдоброто – сами да си одгледате домати во ваша бавча, купете ги од некој што тоа го прави во ваша близина. Недозреаниот домат, собран таков за да стаса црвен и тврд до конечниот потрошувач, ги нема оние хранливи и други вредности кои ги создава зреењето на доматите на стеблото.

(Македонска асоцијација за органска храна)




Наjновo од Здравје
Внимание – и доматите можат да пренесат салмонела !
Жени - уморни и ненаспани суштества
Хормонската терапија во менопаузата е ризична
Анестезиите можат да ја зголемат болката
Диета - за 2 недели 3 кг помалку
Течно злато на природата
Симптоми на труење со храна
Омега-3 масните киселини и очните болести
Со обилен појадоk до вита става
Сладолед за добро расположение и здравје
Не го одбегнувајте лебот
Кафето не е штетно
Соковите од зеленчук поздрави од овошните
Здрава храна - здрави заби
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи