Здравје / Исхрана
Со диња до здравје и убавина
Дињата помага при лекување на разни болести, но и при заштита на кожата од изгореници.
Сигурно подобро се чувствувате кога од пеколните жештини на улиците ќе влезете во вашиот сладок дом, ќе се истуширате и ќе се упатите кон фрижидерот каде ве чека ладната диња. Со насмевка на лицето тргнувате кон фотелјата и се препуштате на апсолутното блаженство.

Верувале или не, дињата не само што ни годи во врелите летни денови, туку и делува позитивно врз нашата психичка смиреност. Ова едногодишно растение, по потекло е од Азија и Африка, содржи дури 95 отсто вода, шеќер, белковини, лимонска киселина, витамин А, Б и С, каротен, етерично масло, но и мали количини на бакар, железо и цинк.
Се користи против камен во бубрег, при убод од инсекти и изгореници, против потекување и проблеми со желудникот и цревата. Доколку сте лице кое сака да се пече на сонце, а сакате да ги избегнете изгорениците, сокот од диња може да ви помогне. Поради големата количина на антиоксиданси, овој сок му помага на организмот да се заштити од штетните радикали кои ја оштетуваат цела кожа. Сепак немојте целосно да се потпирате на ваквите сознанија бидејќи концентрацијата на состојки не е доволна за да потполно ве заштити.
Дијабетичарите и лицата со зголемено ниво на триглицериди мора да се внимателни со консумирањето бидејќи јаглехидратите од дињата многу лесно се ресорбираат.
Тоа што веројатно најмногу ќе ги израдува дамите е неверојатната моќ на овој сладок плод во борбата против целулитот. Затоа, дами доколку мака мачите со кожата, која ви изгледа како кора од портокал веднаш подгответе си порција диња и на целулитот фрлете му ги ракавиците в лице.
(Д.Т)
|