
|
 |
Здравје / Исхрана
Чувари на младоста
Најјаките материи против слободните радикали се таканаречените антиоксанданти, способни да го забават процесот на оксидација, односно труењето на организмот. Јаките антиоксиданти се елементи како што се цинкот, магнезиумот, железото и витамините, првенствено А, Ц и Е. Во некои продукти ги има и зошто се важни?
- Цинкот е од основна важност за добра работа на имунолошкиот систем. Ја поттикнува природната работа на организмот и го запира дејствувањето на вирусот. Се наоѓа во говедското, јагнешкото, свинското, во жолчката, какаото, орасите, бадемите, интегралните жита и во мешунките.
- Магнезиумот го зајакнува одбранбениот систем, го заздравува нервниот систем и ги зајакнува коските. Се наоѓа во интегралните жита, сувото овошје, мешунките, спанаќот, во пченичните 'ркулци.
- Железото е од основна важност за создавање на црвените крвни станици, кои им обезбедуваат кислород на сите организми. Се наоѓа во месото и во мешунките.
Зелен чај
Еден од најјаките антиоксиданти се полифененолите во зелениот чај. Уште од стара Кина чајот се смета за волжебна билка која го чува здравјето и го продолжува животот. Истражувањата на научниците даваат сé повеќе докази дека тоа не е далеку од вистината. Ако подолго се пие, зелениот чај ја спречува можноста од појава на рак. Најновите кинески истражувања велат дека зелениот и црниот чај го намалуваат холестеролот.
Брокула
 Лековитоста на брокулата се потврдува од ден на ден. Научниците велат дека и брокулата штити од рак, ја спречува појавата на бактерии и штити од рак на желудник.
Спирулина
Станува збор за спирулината, слатководна алга која, освен многубројните витамини и минерали, содржи повеќе хранливи материи. Таа се состои од многу тенок слој сложени природни шеќери, кои се топат во вода, и белковини со пропроционален размер од 18 аминокиселини.
Се препорачува како дополнување на вегетаријанската и макробиотичката храна, за спортистите и луѓето со хипогликемија. Корисна е и кај редукционите диети.
Спирулината содржи 25 пати повеќе антидиоксанти од морковот, четири пати повеќе витамини Б12 од говедскиот црн дроб, три пати повеќе витамини од Е од пченкарните зрна и три пати повеќе белковини од рибата. За разлика од другите витаминско-минерални додатоци, сосема е природна и непреработена, така што можете да ја јадете колку што сакате.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|