вторник, 01.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Здравје / Исхрана

Марс ја истражува чоколадната ДНК

За многу брзо време ќе можете да уживате во совршен вкус на чоколадото. Чоколадната индустрија Марс, инвестира 10 милиони долари за обид да се открие геномот на какаото, што е дел од петгодишниот проект кој е воден од секторот за агрикултура во САД и компјутерската компанија IBM.

Геномот ги содржи наследните информации кои се енкодирани во ДНК. Со анализа на над 400 милиони делови кои се дел од семето на дрвото од  какао, истражувачите се надеваат дека ќе пронајдат нови начини за справување со болестите на плодот.

Што е можеби уште поважно, е тоа што Марс се надева дека можеби со ова истражување ќе се откријат гените кои го одредуваат вкусот, така што тој би можел да се подобри за да се создаде совршено чоколадо.

Марс одби да кометира дали ова истражување ќе води до генетски модифицирано чоколадо- Frankencocoa, како што би го нарекле критичарите, и дали таков производ би бил прифатлив кај потрошуважите.

Наместо тоа, Марс се фокусира на поволностите кои ќе ги добијат одгледувачите на какао со откритијата на ова истражување. Затоа што 70% од плантажите за какао се наоѓаат во Западна Африка, одгледувачите не можат да го платат годишниот износ од 700милиони долари, кои се потребни да се вложат за превенција од болестите.

Студијата за геномот на какаото ќе им помогне на научниците да ја испитаат секоја етапа од развојот на какаовото дрво како и да се намали можноста за напад од болести за време на настанувањето на плодот.

"Кога еднаш ќе го пронајдеме геномот, Марс ќе биде во можност да ги испита сите гени за кои ќе бидат заинтересирани," вели Реј Шнел, генетски истражувач од USDA.

Иако проектот е финансиран исклучиво од Марс компанијата, која е позната по брендовите M&M и Snickers, откритијата ќе бидат јавно објавени дури и за конкурентите.

Од компанијата велат дека ќе има многу информации кои ќе треба да се потврдат и дека основната причина за ова испитување е да се искоренат болестите кои го напаѓаат стеблото на какаото.

Настанување на чоколадото

- Какаото најпрво го одгледувале Маите во 250-900 п.н.е. Тие семето го оставале да ферментира, го пржеле и потоа го мешале со вода, чили и пченка за да направат пијалок.

- До 1400 година, империјата на Ацтеките завладеала во Средна Америка и семето на какаото почнало да се користи како средство за размена

- По освојувањето на Мексико во 1521, Шпанија почнала да го увезува какаото во Европа

- Индустриската револуција овозможила масовно производство и дистрибуција на чоколадото

- Првото млечно чоколадо го направил Даниел Питерс во Швајцарија, 1875

- 600 000 тони семе од какао, се користи за да се задоволат годишните потреби за чоколадо

(Т.Ј)


Наjновo од Здравје
Марс ја истражува чоколадната ДНК
Факти или митови за срцевите болести
Чувари на младоста
Со диња до здравје и убавина
Внимание – и доматите можат да пренесат салмонела !
Уморни и ненаспани
Хормонската терапија во менопаузата е ризична
Диета - за 2 недели 3 кг помалку
Течно злато на природата
Омега-3 масните киселини и очните болести
Со обилен појадоk до вита става
Сладолед за добро расположение и здравје
Не го одбегнувајте лебот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи