
|
 |
Здравје / Исхрана
Витаминот Ц - лек и за стрес Една чаша сок од портокал обезбедува 97 милиграми витамин Ц
Дали ви претстои уште еден стресен ден на работа? Размислете за дополнителна чаша сок од портокал наутро. Витаминот Ц ќе му помогне на телото да се справи со стресот поуспешно, истакнуваат научниците. “Утврдивме дека кај стаорците кои примиле големи дози витамин Ц се прекинува секрецијата на стресни хормони”, вели Семјуел Кемпбел од Универзитетот Алабама - Хантсвил.
 Пробните опитни зајачиња кои не примиле витамин имале три пати поголемо ниво на стресни хормони, истакнува Кемпбел и другите истражувачи, кои ги презентираа своите откритија на конференцијата ана Американското хемиско здружение во Њу Орлеанс.
Покрај борбата со стресот, витаминот Ц помага да се зголеми природната одбранбена моќ на телото. “Според она што можеме да го видиме, витаминот Ц обезбедува подобар имун одговор во услови на стрес, така што лицата можат подобро да се спротивстават на болеста”, вели Кемпбел.
Иако пробите се извршени кај стаорци, истражувачите истакнуваат дека можат да се применат и кај луѓето. “Има извештаи дека маратонците кои виеле големо количество витамин Ц имаат пониска инциденца на инфекции во горниот респриаторен тракт од оние што не примаат витамин Ц. Истото се однесува и на воените регрути при основен тренинг”, нагласува Кемпбел. Една чаша сок од портокал обезбедува 97 милиграми витамин Ц.
 Препорачата дневна доза во САД се движи од 50 до 60 милиграми за возрасни. Но, некои нутритиционисти сметаат дека ваквиот стандард е застарен. За најголема медицинска полза, потребна е повисока доза. Повеќето експерти препорачуваат најмалку 200 милиграми дневно.
“Препорачаната дневна доза е утврдена за да се спречат недостатоци, но како што вршиме повеќе истражувања, така се јавува нова филозофија што можеме да сториме за да ја унапредиме здравствената состојба”, вели Крис Розенблум од Универзитетот Џорџија.
Експертите предупредуваат да не се претерува. Според некои, зголемената употреба на витаминот Ц може да има повратен удар. “Луѓето кои имаат камчиња во бубрезите не треба да земаат прекукмерна доза на витамин Ц, бидејќи тој се претвора во соединение што може да ги формира камчињата”, објаснува Розенблум.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|