четврток, 03.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Здравје / Исхрана

Кофеински напитоци да или не!

Мешањето на алкохолните пијалаци со напитоците во кои има кофеин може да има сериозни последици. Кога во Шведска констатирале дека смртта на тројца млади луѓе настанале поради “содејство” на енергетскиот пијалак “ред бул” и вотка, здравството на оваа земја препорачува да се одбегнува мешање на енергетски напитоци и алкохол. Газираните пијалаци што содржат кофеин не смеат да ги пијат децата и бремените жени.

Спротивностите не се поднесуваат

Младите многу брзо ги прифатија енергетските напитоци, убедени дека може да ги консумираат неограничено, а “ред бул”, кој се произведува од 1987 година, најисплатлив австриски извозен производ. “Зајакнувањето” на напитоците што сега се нарекуваат енергетски бомби стана моден тренд. Но поризводителот не предвидел мешање на својот пијалак со алкохол и оти многу луѓе се осетливи на кофеин и на алкохол. Познати се меѓусебните дејства на алкохолот и лековите и се знае дека тие не смеат да се мешаат. Иако енергетските напитоци не се лекови, случувањата во организмот се слични. Двете спротивности всушност не се поднесуваат - кофеинот е стимуланс (поттикнува активност), а алкохолот депресант (смирува). И двата напитоци дејствуваат на мозокот. Ако се пијат во гоелми количества (што младите често го прават), може да насане “кардиоваскуларен колапс”. Не се спорни само кофеинот и алкохолот во напитоците. Во енергетските напитоци често се наоѓа и ефедрин и кога тие три материи ќе се помешаат, може да настане состојба како да сте ја консумирале дрогата “екстази”.

Кофеинот влијае на организмот

Шолја еспресо содржи 60 мг кофеин, “кока кола” од 1 литар 130 мг, а во лименка “ред бул” (250 мл) има 90 мг кофеин. Во чајот освен кофеин има и други алкалоиди - теофилин и теобромин. Чоколадата, какаото и сите производи во кои какаото е главна состојка содржат кофеин. Не треба да се заборави дека кофеинот е главна состојка и на многу таблети против болки, но и дека ако е во големи количества, може да предизвика главоболка. петнаесет минути по пиењето на напитокот, кофеинот е во крвта. Дејствува стимулативно на нервниот систем, ја поттикнува работата на срцето и телото е подобро снабдено со кислород. Ја забрзува потрошувачката на калориите, го забрзува дишењето, производството на мо и на желудочната киселина. Неговото дејство ќе го почувствувате како подобрување на расположението, подобра концентрација, мотивираност (блага еуфорија), но таквата состојба трае релативно кратко (30 до 60 минути). Тогаш настапува втората депресивна фаза. Поголема доза не ја поправува туку ја влошува состојбата, а што почесто се зема, дејствува послабо. Со четири лименки “ред бул” се внесуваат 360 мг кофеин. Тоа е доволно за еуфорија во првата, депресија во втората и за несоница во третата фаза.

Срцебиење и бес

Како стимуланс кофеинот го одлага заморот. Подобро дејствува како со денови не се пие ниту еден од напитоците што содржат кофеин (кафе, чај, кола).

Просечно, чувствителен човек дневно може да поднесе 100 до 130 мг кофеин (што одговара на количество од две до три кафиња или во една и пол лименка “ред бул”). Но ако се испијат двапати или трипати поголеми количества - несоница, мигрена, биење на срцето или налет на бес може да укажат дека се работи за труење.

Кофеинот го забрзува губењето на течностите од организмот. Затоа се вели дека напитоците со кофеин предизвикуваат жед, иако многумина сметаат дека ја гаснат жедта. Последицата е сé поголема дехидратација на организмот. Младите што на забави ја гасат жедта со енергетски пијалаци всушност му наштетуваат на здравјето.


Наjновo од Здравје
Кофеински напитоци да или не!
Кацига за подмладување на мозокот
Витаминот Ц - лек и за стрес
Неколку збора за лубениците и дињите
Бебе заштитено од рак на дојка
Марс ја истражува чоколадната ДНК
Факти или митови за срцевите болести
Чувари на младоста
Со диња до здравје и убавина
Внимание – и доматите можат да пренесат салмонела !
Диета - за 2 недели 3 кг помалку
Течно злато на природата
Омега-3 масните киселини и очните болести
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи