среда, 30.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Исхрана

Победете го заморот

Не зачудува фактот, што многу од луѓето во поголемиот дел од времето чувствуваат умор. Тоа се должи на брзината на живеење, соочувањето со секојдневни притисоци и стресот на работното место, како и грижата за семејството.

Зголемениот одмор и релаксација обично помагаат при краткотрајниот умор. Но некогаш исцрпеноста на организмот преминува во хроничен замор, кој го ослабува организмот до тој степен, што не сте способни за извршување на секојдневните обврски. Има многу фактори кои влијаат на заморот и омалаксаноста, затоа преземете некои мерки за поголема грижа околу правилниот начин на живот.

Недостаток од сон е една од основните причини за замор и исцрпеност. Затоа треба да дадете приоритет на спиењето, и да се осигурате дека дневно спиете доволно со што ќе имате доволно енергија. Исто така доколку редовно вежбате, ќе забележите дека после енергични вежби, имате подобар сон и се будите одморени и свежи.

Многу болести како што се дијабетис, хормонален дисбаланс, особено проблемите со тироидната жлезда, може да предизвикаат умор. Исто така анксиозноста, стресот и депресијата прават да чувствувате невообичаена исцрпеност.

Здравата исхрана има клучна улога во надминувањето на преморот. Балансирана исхрана која вклучува изобилство на свежо овошје и зеленчук, доволна количина на житарици и зрнеста храна, млеко и млечни производи, риба и јајца, и се богати со хранливи состојки  помагаат при одржувањето на оптимално ниво на енергијата во организмот.

Не се доведувајте во состојба на изгладнување на организмот и внесувајте го потребното количество калории во текот на денот. Ова посебно важи за оние кои држат диети, кои многу често не содржат доволно енергетски компоненти. Многу е важно да не ги прескокнувате оброците, дури и кога не сте гладни. Ограничете го внесувањето на благи работи, за да одржите нормално ниво на шеќер во крвта.

Внесувајте повеќе течности како вода и природни сокови, и трудете се да избегнувате или да го ограничите консумирањето на кафе и алкохол. Исто така треба да внимавате постојано да земате храна богата со железо, калциум, магнезиум и витамини кои се непоходни за правилно функционирање на организмот.

(Т.Ј)




Наjновo од Здравје
Пасивното пушење го зголемува ризикот од мозочен удар
Победете го заморот
Шведски лек ги зголемува шансите во борбата против леукемија
Утрата се кобни по здравјето
Со зелена салата против рак
Предозирање со вода, опасно за човекот
Ласер за топење на масти
Со жалфија до полесна менопауза
Сојата е лоша за спермата
Како до автентична пица?
Со магнезиум против камен во жолчка
И со чоколадо се слабее?!
Витаминот Д ја намалува смртностa
Лекарите советуваат да не се започнува денот со кафе
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи