
|
 |
Здравје / Исхрана
Ледениот чај лош за бубрезите
Мажите постари од 40 години треба да го заменат пиењето на леден чај со лимонада доколку сакаат да го намалат ризикот од добивање камен во бубрег, велат експертите.
Околку 10 отсто од американската популација има проблеми со камењата и кристалите кои се создаваат во бубрезите или во каналите кои ја спроведуваат урината од бубрезите до мочниот меур. Истражувањата покажуваат дека мажите имаат четирипати поголеми шанси да добијат камен во бубрег, отколку жените. Ризикот за појава на овој проблем расте по навршувањето на 40-тата година од животот.
 Оксилатот, еден од клучните хемикалии од кои се составени камењата во бубрезите се наоѓа во висококонцентрираните ледени чаеви.
„За многумина, ледениот чај може да биде најлошиот избор на освежителен пијалак. Луѓето кои имаат тенденција да добијат камен во бубрег, дефинитивно треба да го избегнуваат овој пијалак“, вели урологот Џон Милнер од универзитетот во Чикаго.
Недостигот на вода во организмот е една од најчестите причини за појава на камења во бубрезите. Летните жештини и влажноста, кои придонесуваат за зголемено потење и дехидрација, во комбинација со оксилатот од ледениот чај го зголемуваат ризикот за добивање камен во бубрег, особено во овој период од годината.
Милнер вели дека обичната вода е најдобар начин за хидрација на организмот. Доколку некој е склон кон добивање камен во бубрег, тогаш нему најдобро би му било да пие вода со лимон или да пие лимонада.
„Лимоните се одлични за справување со камењата во бубрезите. Лимонадите кои се направени од прашок со вештачки ароми се штетни, додека природната лимонада го забавува создавањето на камењата“, вели Милнер.
Покрај ледениот чај, оксилатот се среќава во спанаќот, чоколадата и оревите. Лекарите препорачуваат да се избегнуваат премногу солените јадења, да се намали количината на месо, да се пијат неколку чаши вода во текот на денот и да се јаде храна богата со калциум, бидејќи овој елемент ги уништува оксилатите кои организмот ги апсорбира.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|