петок, 01.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Исхрана

Продолжување на биолошкиот часовник со подобра исхрана

Со промена на начинот на исхрана, жените на возраст меѓу 40 и 50 години можат да ги зголемат шансите да забременат.

Сара Добин, нутриционист и автор на книгата "Диета за плодност", вели дека со неконсумирање на алкохол и шеќер, и со јадење на органска храна, жените можат да го сопрат биолошкиот часовник, а со тоа да си ги зголемат шансите да  родат.

"Луѓето трошат многу пари на медицински третмани за зачнување, а при тоа не знаат дека алкохолот и кофеинот се течни контрацепциони средства. Како што шеќерот може да ја спречи овулацијата така и некој вид храна како на пример грашокот и сојата ја намалуваат плодноста," вели Добин.

На оние кои сакаат да забременат по природен пат, како и оние кои се подложиле на ин витро оплодување, Добин им советува да престанат со пушењето, да не користат засладувачи, алкохол, кофеин и соја во првиот месец од бременоста. Во вториот месец не треба да се јаде многу месо и млечни производи, како и благи работи, додека во третиот месец таа вели дека консумирањето на јајца и овошни сокови треба да се редуцира.

Внесувањето на зрнеста храна, грав, лешници, ореви и употребата на лековити билки е неограничена уште од почетокот на бременоста. Исто така се препорачува да се одржува нормалната тежина, спиењето да биде редовно и да се намали стресот.

(Т.Ј)




Наjновo од Здравје
Ледениот чај лош за бубрезите
Продолжување на биолошкиот часовник со подобра исхрана
Бебе за 22.500 долари
Со грав и зелка против „тешки нозе“
Пластиката опасна за здравјето
Пасивното пушење го зголемува ризикот од мозочен удар
Победете го заморот
Со зелена салата против рак
Предозирање со вода, опасно за човекот
Со жалфија до полесна менопауза
Сојата е лоша за спермата
Како до автентична пица?
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи