Здравје / Исхрана
Масните риби добри за памтењето
Јадењето на туна и други масни риби, може да биде превенција од губење на памтењето со тоа што го намалува ризикот од инфаркт, велат истражувачите од Финска.
"Луѓето кои јадат печена риба, се помалку изложени на ризик од губење на паметењето и деменција," вели Јурки Виртанен од University of Kuopio од Финска.

Рибите како што се туната, лососот, скуша, харинга и сардина, содржат омега 3 масни киселини, а од другите видови храна вакви масти содржат оревите. Тие имаат ефект против воспаленија и се поврзани со помал ризик од срцеви болести.
"Претходните истражувања покажале дека рибата и рибиното масло помагаат во спречување на срцев напад кај постарите луѓе, но со ова испитување се гледаат ефектите од омега 3 мастите врз зачувување на меморијата," вели Виртанен.
Тимот од Финска, направи едно испитување на 3660 луѓе над 65-годишна возраст, каде им беше направено скенирање на мозокот, за испитување на ризикот од губење на меморија или инфаркт.
Истражувачите откриле дека оние мажи и жени кои консумирале риби богати со масти, три или повеќе пати неделно, имале приближно 26% помал ризик од постепено губење на памтењето.
Кај оние кои имале само еден оброк неделно од риба, ризикот бил 13%, додека оние кои држеле диети каде немало никаков вид на риба во оброците, имале највисок ризик.
Овие резултати не биле исти и за оние кои консумирале пржена риба, бидејќи вака подготвена ги нема истите ефекти како печената риба, каде се задржани хранливите состојки.
(Т.Ј)
|