
|
 |
Здравје / Исхрана
Чилито и температурата во организмот
Кога јадете чили пиперки не само што чувствувате жештина, туку тие содржат активни хемиски материи кои директно делуваат на процесот на зголемување на температурата во организмот, каде клетките ја претвораат енергијата во топлина.
За ова е заслужна состојката наречена капсаицин, која е една од состојките на чилито. Таа ги стимулира рецепторите на периферните нерви, при што создаваат чувство на топлина, со последователни реакции како црвенеење и потење.
Јасер Махмоуд, кој ја направи оваа студија, откри дека капсаицинот може да создаде топлина така што директно делува на менувањето на активноста на протеинот наречен SERCA, кој се наоѓа во мускулите. Нормално, контракцијата на мускулот започнува со испуштање на јони на калциум од преградата наречена sarcoplasmic reticulum (SR); протеинот SERCA тогаш активно испумпува калциумот назад во SR (при што се користи ATP енергија), што предизвикува отпуштање на мускулот и повторување на циклусот.
Капсаицинот може да се соедини со SERCA со што ја променува неговата активност. Тогаш протеинот се уште гори ATP енергија, но не го користи калциумот за тоа. Наместо тоа, сета ATP енергија се претвора во топлина. Ова раздвојување познато како термогенеза, е еден важен метод за задржување на топлината, кој најчесто го применуваат животните кои хибернираат.

Махмоуд потенцира дека капсаицинот е прва природна состојка позната по тоа што го забрзува процесот на термогенеза.
Овие истражувања можат да објаснат како капсаицинот ја зголемува работата на метаболизмот и температурата на телото. Ова може да биде корисно за искористување на капсаицинот како модел за дизајнирање на материи, кои ќе имаат клиничка употреба, како на пример за третирање на хипотермија.
(Т.Ј)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|