петок, 08.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Исхрана

Млеко од камила против импотенција

Додека повеќето од нас пијат млеко од крава, многу луѓе од Раџастан, Индија преферираат да пијат млеко од камила. Покрај тоа што е здраво, може да помогне за спречување на импотенцијата.

Потрошувачите кои немале можност да го набават ова млеко во урбаните средини сега го немаат тој проблем Од неодамна во маркетите во Раџастан, се пушти во продажба млеко од камила во тетрапак. Покрај тоа што е богато со хранливи состојки, ова млеко е корисно за дијабетичарите, ако се зема правилно и редовно.

Според Федералната асоцијација за млечна индустрија на Индија, овој производ е многу баран во Делхи. На потрошувачите им се допаѓа вкусот, а и цената од пола американски долар за еден литар млеко.

Постарите луѓе од руралните подрачја од Раџастан, велат дека со пиење на ова млеко се чувствуваат повитални, и дека без разлика на возраста, се уште се потентни.

Тоа е затоа што на камилите им се дава сточна храна која содржи најразлични состојки што го збогатуваат вкусот и квалитетот на млекото.

Пронајдени се шест типа на масни киселини кои ги содржи млекото од камила. Меѓу нив е и ланолинската, која е корисна за контролирање на брчките и за подобрување на тонусот на кожата.

(Т.Ј)




Наjновo од Здравје
Тинејџерките и неправилната исхрана
Обрежувањето кај мажите е вистински благодет
Срцевите болести ја намалуваат способноста за размислување
Млеко од камила против импотенција
Бионичкото око дава подобра слика од човечкото
Чилито и температурата во организмот
Масните риби добри за памтењето
Витаминот Ц го забавува развојот на клетките на ракот
Овошја и зеленчуци кои не мора да се органски
Ледениот чај лош за бубрезите
Продолжување на биолошкиот часовник со подобра исхрана
Со грав и зелка против „тешки нозе“
Пластиката опасна за здравјето
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи