среда, 05.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Исхрана

Тинејџерките и неправилната исхрана

Многу од младите девојчиња, не внесуваат доволно хранливи материи во организмот, што ги доведува до ризик од прекумерна тежина и кардиоваскуларни болести како возрасни.

Периодот на адолесценција е многу важен дел од животот на една жена, бидејќи се менуваат потребите за исхрана, поради брзото растење и започнувањето на месечниот циклус. Меѓутоа, општо земено, тинејџерките не внесуваат доволно калциум, железо, цинк, магнезиум и витамини како А, Е и Б во исхраната, и јадат храна која содржи премногу заситени масти.

Кај девојчињата во Америка, на возраст од 12 до 19 години, во последните три декади, процентот на дебелина е зголемен од 5 на 17%. Истражувачите велат дека овие индивидуи имаат склоност кон дебелина и кога ќе пораснат. И не само тоа, туку кај нив е поголема веројатноста да се развијат некои кардиоваскуларни болести, дијабетис и висок крвен притисок.

Како што повеќе се дебелеат, така девојчињата бараат различни начини да ја намалат тежината. Една студија покажала дека повеќе од 60%, користеле различни апчиња, лаксативи, повраќале и прескокнувале оброци, со цел да ја контролираат тежината, но на тој начин само ги зголемиле шансите за дебелеење.

Многу од нив имаат погрешно мислење дека всушност калориите се тие кои предизвикуваат прекумерна тежина, и поради тоа не го внесуваат потребното количество од 2400 калории, кое дневно му е потребно на организмот. Нивната исхрана треба да содржи храна која е богата со омега 3 масни киелини, кои се изоставени во многу диети.

Исто за девојчињата кои се во процес на растење, многу е важно да внесуваат храна која што е здрава и содржи хранливи состојки, како и редовно да вежбаат, за да можат да постигнат добро обликувано тело.


Наjновo од Здравје
Целерот непресушен извор на здравје
Како стресот на работа влијае врз здравјето на човекот
Ботоксот продира до мозокот
Генетски модифицирана соја штити од инфаркт
И направиле јазик од ногата
Големината важна и за жените
Со мирис на ванила против гладот
Детоксикација за здраво слабеење
Со камилица против дијабетес
Виолетовиот домат ново оружје против ракот
Црешите ги спречуваат кардио-васуларните болести
Калинката подобра од виаграта
Не е важно колку, туку како јадете!
Нова метода за намалување на апетитот
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи