
|
 |
Здравје / Исхрана
|
|
Сок и апче - лоша комбинација
Цитронот, портокалот и јаболкото може да ја намалат апсорпциската моќ на организмот, што придонесува за помала ефективност на лековите.
 Канадските научници открија дека соковите од овие овошја можат да ја намалат ефективноста на лековите кои се користат за третирање на срцеви болести, рак, инфекции. Соковите негативно влијаат и врз лековите кои се користат за спречување на отфрлањето на трансплантираните органи.
„Откривме дека цитронот и соковите од некои други овошја можат да ја намалат оралната апсорпција на одредени лекови. Тоа негативно се одразува врз ефективноста на лековите кои се особено важни при третирањето на некои од најсериозните медицински состојби“, изјави Дејвид Бејли, професор по клиничка фармакологија на универзитетот во Онтарио.
Студијата е спроведена врз здрави волонтери кои пиеле антихистамини со сок од цитрон. Дел од испитаниците лекот го пиеле со обична вода.
Испитувањата покажаа дека лицата кои ги пиеле лековите со сок од цитрон апсорбирале само половина од антихистамините.
 Научниците утврдија дека сокот од цитрон, портокал и јаболко негативно влијаат врз лековите против рак, врз некои антибиотици како и врз бета-блокаторите кои се користат за регулирање на високиот крвен притисок и за спречување на инфаркт.
Овие сокови исто така влијаат и врз cyclosporine, лек кој се користи за спречување на отфрлањето на трансплантираните органи. Ова се само дел од лековите со кои овие сокови реагираат.
„Со напредувањето на истражувањето, листата со лекови веројатно ќе се зголеми“, вели Бејли.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|