среда, 05.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Исхрана

Пивото не е криво за мевот

Доколку мислите дека за вашиот преголем стомак виновно е пивото, тогаш грешите. Пивото навистина има многу калории, но за вашиот стомак можете да ја обвините нездравата исхрана и недоволното движење.

За големиот стомак не е виновно пивото!

Според некои информации, пивото најмногу го сакаат Ирците и Германците кои годишно пијат по 125 литра пиво по жител. Најмалку го пијат Италијанците, а златна средина се Словенците. Просечниот Словенец пие по 83 литра годишно, односно по речици седум литра месечно.

Додека пие пиво, пивопијата се жали на непријатноста која му виси преку раме. Пивскиот стомак секако не е една од секси облините на кои жените паѓаат. Обично мажите по повеќе испиени пива доаѓаат до неверојатни научни сознанија.

Збогум на пивото и на мевот

Ве интересира како да се ослободите од големиот стомак? Прв чекор е да се откажете од пивото и останатите алкохолни пијалаци. Љубителите на слатки ќе мора да се откажат од слатките задоволства. Од Пивскиот стомак можете да се ослободите за три до четири месеци, доколку внимавате колку калории внесувате.

Се движиме!

Оваа е особено важно и треба да се практикува барем трипати неделно. Најдобри се аеробните вежби како што се трчање, возење велосипед, пливање. Вежбањето мора да трае барем 45 минути, а интензитетот мора да е умерен. ОД голема помош ќе ви биде комбинацијата од аероби вежби и вежби со тегови, кои можете да ги правите и дома.

Јадете пет пати дневно

Во исхраната мора да преовладуваат зеленчуците и немасното месо како што е мисиркино, пилешко и риба. Обрнете внимание на количината на внесени сложени јаглехидрати, како што се лебот, оризот, житарките, компирот и тестенините. Кога подготвувате храна, одлучете се за здравите маснотии како што се оние од маслиновото или лененото масло.

Во фитнес центар за да ослабете

Речиси 20 отсто од мажите ги посетуваат фитнес центрите само поради желба за движење, а 40 отсто се одлучуваат за фитнес за да ослабат. Третина сака да ја зголеми мускулната маса, а 10 отсто ги посетуваат центрите само како дел од рехабилитацијата после здобиената повреда.


Наjновo од Здравје
Целерот непресушен извор на здравје
Како стресот на работа влијае врз здравјето на човекот
Ботоксот продира до мозокот
Генетски модифицирана соја штити од инфаркт
И направиле јазик од ногата
Големината важна и за жените
Со мирис на ванила против гладот
Детоксикација за здраво слабеење
Со камилица против дијабетес
Виолетовиот домат ново оружје против ракот
Црешите ги спречуваат кардио-васуларните болести
Калинката подобра од виаграта
Не е важно колку, туку како јадете!
Нова метода за намалување на апетитот
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи