
|
 |
Здравје / Исхрана
Суперхрана
„Суперхрана“ е израз за храната богата со хранливи состојки која помага за подобрување на здравјето на човекот. Сите овошја и зеленчуци содржат витамини и минерали кои се здрави за организмот. Во целина „суперхрана“ се нарекуваат оние продукти кои се богати со антиоксиданси, витамин Ц, како и други хранливи материи кои се од голема важност за подобрување на човековото здравје.
Секако дека со внесување на мало количество од овие хранливи состојки нема да бидете здрави, туку секојдневно треба да ги вметнувате во и помеѓу оброците. Еве ги 10-те продукти кои секој кој сака да го подобри своето здравје, треба постојано да ги консумира.
 Боровинките се сметаат за суперхрана поради тоа што содржат значајно количество на антиоксиданси, витамин Ц, манган и растителни влакна.
• Делуваат за подобар вид,
• Ги зајакнуваат крвните садови,
• Го подобруваат имунитетот,
• Ја подобруваат меморијата,
• Го намалуваат ризикот од инфекции во уринарните патишта,
• Претставуваат еден вид превенција од појава на рак,
• Го забавуваат стареењето.

Црната рибизла е пребогата со витамин Ц, и содржи повеќе калиум од бананите. Семето на црната рибизла исто така содржи многу хранливи состојки, особено gamma-linolenic киселина (GLA), која претставува важна масна киселина.
• Помага за намалување на воспаленија и го намалуваат ризикот од развивање на срцеви болести и рак,
• Исто така, штити од невролошки пореметувања како Алцхајмер.

Броколата е богата со витамин А и Ц, и е одличен извор на протеини и диетални влакна.
• Содржи повеќе хранливи состојки кои штитат од појава на рак,
• Големото количество на броколи го намалува ризикот од рак на простата,
• Листот на броколите содржи состојки кои се богати со бетакаротен кој е добар за очите.

Сојата содржи многу витамини и е богата со хранливи состојки, кои ја спречуваат појавата на многу болести. Соиното зрно содржи големи количества на протеини и важни амино киселини. Сојата е извор на калциум, железо, цинк, фосфор, магнезиум, витамин Б и омега 3 масни киселини.
• Сојата го редуцира ризикот од појава на многу заболувања во подоцнежниот живот на жените, како остеопороза и симптоми од менопауза,
• Го подобрува здравјето на срцето,
• Придонесува за здравјето на коските,
• Претставува превенција од рак,
• Го редуцира ризикот од болести на бубрезите.

Маслиново масло содржи незаситени масти и антиоксиданси како хлорофил, каротен и витамин Е.
• Делува за намалување на крвниот притисок,
• Го спречува ширењето на ракот,
• Помага на луѓето со предиспозиција за дијабетес или кај оние кои веќе боледуваат,
• Го намалува интензитетот кај оние кои боледуваат од астма и артритис,
• Помага во одржување на тежината на телото.

Спанаќот не е многу калоричен, но е богат со витамини и минерали. Содржи состојки како фолна киселина, калиум и ко-ензим Q10, кој е од голема важност за кардиоваскуларното здравје.
• Го подобрува видот и здравјето на очите,
• Помага против ракот и стареењето,
• Ги зацврстува коските поради тоа што содржи калциум,
• Ја спречува појавата на губење на паметењето во поодминатите години.

Овесот е познат по големото количество на растителни влакна кои ги содржи. Овесните снегулки, овесните трици и сите овесни продукти се едни од најдобрите извори на лесно разградливи влакна, кои помагаат за намалување на холестеролот.
• Го намалува шеќерот во крвта,
• Претставува превенција од рак,
• Го намалува холестеролот,
• Овесот го намалува високиот крвен притисок и ја намалува потребата за лекови против хипертензија,
• Го подобрува варењето на храната.

Гравот содржи големи количества на железо, фосфор, магнезиум, манган, калиум, калциум, цинк и бакар.
• Го намалува ризикот од рак на дебелото црево,
• Го намалува ризикот од коронарни срцеви болести,
• Го намалува холестеролот.

Јачменот не само што има ниско ниво на шеќери, туку исто така е богат со растителни влакна. Тие помагаат во одржувањето на нивото на масти, холестерол и јаглехидрати во организмот.
• Го намалува нивото на холестерол во крвта,
• Штити од појава на рак,
• Претставува извор на витамин Б3 кој штити од срцеви болести,
• Го забавува процесот на варење на скробот, што може да помогне во одржување на стабилно ниво на шеќерот во крвта.

Јогуртот содржи пробиотици кои го оптимизираат здравјето.
• Помага при вагинални, уринарни и инфекции на мочниот меур,
• Помага при воспалителни пореметувања меѓу кои и стомачните болести,
• Помага за ублажување на алергиските реакции како астма и егзема,
• Го намалува ризикот за некои кардиоваскуларни болести,
• Го намалува ризикот од појава на рак на цревата,
• Ги намалува респираторните инфекции кај децата,
• Претставува превенција од кариес на забите.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|