Ензим кој го забавува стареењето
Повеќе вежби и консумирање на здрава храна, можат да помогнат во зголемувањето на нивото на витални ензими, кои ги штитат клетките од стареење.
Ензимот теломера ги заштитува краевите на хромозомите во ДНК. Со текот на годините, овој ензим се намалува и поголема е можноста клетките да изумрат. Ова намалување на нивото на ензимот предизвикува болка, а може да доведе и до смрт.
Со намалувањето на нивото на ензимот се поврзани неколку фактори како пушењето, нездравиот начин на живеење и дебелината. Професорот Дин Орниш од Институтот за превентивна медицина во Калифорнија, заедно со неговиот тим, сакале да откријат дали подобрувањето на животниот стил, како и здравата исхрана, можат да влијаат позитивно врз овој ензим.
Во истражувањето учествувале 30 мажи со слаб ризик за рак на простатата, кои добиле диета со консумирање на овошје и зеленчук, додатоци на витамини и рибино масло. Исто така им биле дадени физички вежби, релаксирачки техники за справување со стресот и вежби за дишењето.
Ензимот бил измерен на почетокот на испитувањето, а потоа кога завршило истражувањето се покажало дека нивото кај сите испитаници се зголемило за 29%.

Постојат докази кои укажуваат дека доколку ензимот се намали и ослабе, има големи можности за појава на рак и кардиоваскуларни нарушувања.
„Животниот стил може многу да влијае на ензимот теломера. Токму затоа ова е голема мотивација за многу луѓе да го променат начинот на живеење“, вели проф. Тим Спектор.

|