недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Deutsche Welle
Здравје / Исхрана

Интелектуалната работа и храната

Не е важно само колку, туку и што се јаде
При интелектуална работа човекот согорува само три калории повеќе отколку кога се одмора, а внесува скоро 30 насто повеќе калории и оттаму причината за вишокот килограми, велат научниците.

Научниците имено, откриле дека стресот што го предизвикуваат тешките ментални задачи може да доведе до прејадување. Овие резултати можат да помогнат да се открие колку современиот начин на живот влијае на вистинската епидемија на зголемување на тежината, се наведува на сајтот www.net.hr

Тим на истражувачи го мерел спонтаното внесување на храна кај 14 студенти по решевањето на секоја од три различни задачи. Првата задача била опуштање во седечка положба, втората читање и прераскажување на текст, а третата задача се однесувала на серија тестови за памтење, внимание и коцентрација на компјутер. По 45 минути од секоја од овие активности испитаниците можеле да изедат онолку колку што сакале послужувајќи се од шведска маса. Научниците пресметале дека секоја од наведените интелектуални активности троши само три калории повеќе од одморањето. Меѓутоа, наспроти ниската потрошувачка на калории при менталната работа, студентите по прераскажувањето на текстот внесле 203 калории повеќе, а по решавањето на тестовите 253 калории повеќе отколку по одмарањето. Тоа значи дека внесените калории изнесувале 23,6 , односно 29,4 насто повеќе по менталната работа, отколку по одмарањето.

Глукозата-храна на мозокот

Физичката активност ја намалува гојазноста
Примероците на крв земени пред, за време и по секоја активност покажале дека менталната работа предизвикува многу поголема флуктуација на глукозата и фруктозата отколку периодот на одмарање. Тие флуктуации можта да предизвикаат стрес што е последица на интелектуалната работа, велат научниците. Телото на тоа веројатно реагира со зголемено внесување на храна за да ја одржи рамнотежата на глукозата, единственото „ гориво„ што го користи мозокот. Претераното внесување на калории при интелектуалната работа, во комбинација со фактот дека современиот човек е премалку физички активен, значително придонесува за епидемијата на зголемување на тежината, заклучија научниците.


Наjновo од Здравје
Со трчање до подолг живот
Со цимет против дијабетес
Четири начини да го намалите крвниот притисок
Тинејџерка преживеала 118 дена без срце
Нов лек против сида ?
Интегративна медицина за добро лекување
Прво пресадување на орган од основни клетки
Чај од хибискус за контрола на притисокот
Сокови од цеден зеленчук
Сојата како афродизијак
Витамините Е и Ц не штитат од срцеви заболувања
Со кантарион против депресија
Со суви сливи против атеросклероза
Целерот непресушен извор на здравје
Генетски модифицирана соја штити од инфаркт
Со мирис на ванила против гладот
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи