среда, 05.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Исхрана

Хранете се здраво за малку пари

Вистински предизвик, ако се земе во предвид ограничениот куќен буџет, е да се храниме здраво или можеби тоа е последно што ни паѓа на памет. Но, сосема е можно да се храните здраво при тоа да не го оптоварите вашиот куќен буџет. Разгледајте три работи – што ви е потребно, што се нуди и каде е најдобро да се купи.

Мал маркет

Ако одите во мал маркет, одберете помалку работи. Можеби ќе платите малку повеќе и затоа купете го само она што ви е неопходно. Ако влезете во таков маркет за килограм банани и две млека, ќе излезете на касата со полна кошница продукти кои не сте планирале да ги купите.

Големи резерви и голема продажба

Ако ви треба храна за многу народ, приредувате забава и сакате полн фрижидер, потрудете се да купувате на големо во големо продажни маркети. Доколку маркетот ви додели и привилегирана картичка  тогаш заштедата ќе биде поголема.

Намалување и распродажба

Најчесто маркетите ги рекламираат  артиклите кои ги нудат на попуст и посебно ги одбележуваат. Но внимавајте на крајниот рок на производот. Ако веднаш го употребите, искористете го попустот.

Секогаш правете план

Тоа не се однесува само на тековни производи. Испланирајте што ќе јадете во текот на неделата и купете го она што ви е потребно. Размислувајте за подолг период, а она што ќе се појави како вишок ставете го во ладилник  – храната не ја фрлајте.

Бидете неверни!

Имате омилен супермаркет, но посетете ги сите. Ќе откриете дека некои производи се поповолни во одреден супермаркет. Нема причина некои работи да не ги купите на едно, а други на друго место. Посетете ги барем еднаш и внимавајте на квалитетот. Вие плаќате и одлучувате што и каде ќе купите.

Не се лажете

Добро дизајнирани пакувања и примамлива амбалажа не дозволувајте да ве прелаже. Супермаркетите најчесто имаат свој бренд и тие производи можат да бидат еднакво вкусни и квалитетни каки и останатите. Пробајте ги и на крајот донесете одлука кој бренд ќе го купувате во иднина.

Добро за око, лесно достапно за рака

Постои причина зошто слатките, чоколадите, играчките и останатите слични ситници се достапни за детските раце или близу до касата. Ако добро размислиме се е работа на психологија. Ниту во еден супермаркет лебот, млекото и јајцата не се на едно место. Помеѓу овие три основни производи има низа производи кои можеби ни требат, а можеби и не. И ако подобро погледнеме најскапите производи се обично во средина на полицата. Симнете се пониско и ќе пронајдете поевтини варијанти.

Не купувајте гладни

Купувајте сити и добро нахранети. Мирисот на свежиот леб ќе ве привлече исто како и чоколадата,  домашните бисквити,  колачи, јогуртот... Ќе заборавите што имате дома и што навистина ви треба. Сити ќе размислувате подобро и помалку ќе купувате. 

Побарајте  картичка од супермаркетот

Со картичката можете да имате многу поволности. Освен што ќе собирате наградни бонови или поени и ќе добивате попусти, секогаш ќе добивате свежи информации за дополнителните поволности.




Наjновo од Здравје
Целерот непресушен извор на здравје
Како стресот на работа влијае врз здравјето на човекот
Ботоксот продира до мозокот
Генетски модифицирана соја штити од инфаркт
И направиле јазик од ногата
Големината важна и за жените
Со мирис на ванила против гладот
Детоксикација за здраво слабеење
Со камилица против дијабетес
Виолетовиот домат ново оружје против ракот
Црешите ги спречуваат кардио-васуларните болести
Калинката подобра од виаграта
Не е важно колку, туку како јадете!
Нова метода за намалување на апетитот
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи