сабота, 27.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Исхрана

Внимателно со енергетските пијалаци

Докторите предупредуваат за преголемото количество на кофеин што го содржат енергетските пијалаци. Овие пијалоци, може да содржат за седум пати повеќе кофеин отколку едно јако кафе. Тоа предизвикува напади на паника, лошење и повраќање, болка во градите и забрзан пулс.

Поради фактот што не е одредено колку треба да биде дозволеното количество на кофеин во енергетските пијалаци, докторите се загрижени особено за ефектот врз помладите, кои често ги консумираат.

Тие сметаат дека пијалаците кои содржат повеќе од 150 милиграми кофеин, треба да бидат означени како високо кофеински. Меѓутоа се уште не е дефинирана горната граница на количеството на кофеин, ниту пак е означено кој е потенцијалниот ризик од предозирање со кофеин.

Количеството на кофеин во енергетските пијалоци на пазарот во САД варира од 50 милиграми до 505 милиграми во пијалакот наречен „ Wired X505“. За споредба, лименка кока кола содржи 35 милиграми кофеин, едно кафе околу 75 милиграми, а Red Bull 80 милиграми.

„Маркетингот за овие пијалаци е агресивен и ги прави љубопитни децата, особено оние кои се интересираат за екстремни спортови, кои најчесто страдаат од труење со кофеин“, вели професорот Роланд Грифитс од Џон Хопкинс Универзитетот.

Според него луѓето кои често пијат кафе се веќе навикнати на кофеин, но помладите се предозираат и чувствуваат лошење и мислат дека имаат срцев удар. За луѓето чувствителни на кофеин, доволни се само 200 милиграми за да предизвикаат кофеинско труење.

Џејмс Кирби сопственик на Cocaine Energy Drink, вели дека ова е напад врз енергетските пијалаци поради нивниот бренд и рекламите. Тој смета дека ако енергетските пијалаци делуваат штетно на луѓето, до сега ќе биле забранети.


Наjновo од Здравје
Внимателно со енергетските пијалаци
Кога стравот преминува во фобија
Ф'стаци за здраво срце
Хранете се здраво за малку пари
Антидепресантите штетни за спермата
Жртви на тестирањата за Даунов синдром
Естетски операции на вагината
Со црно грозје против срцев удар
Соковите предизвикуваат костоболка
Интолеранција на лактоза
Кулинарски рецепти од мајчино млеко
Интелектуалната работа и храната
Ензим кој го забавува стареењето
Суперхрана
greatest hits 2
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи