петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Здравје / Исхрана

Тиква - кралица на есента

Тиквата сосема оправдано се смета за кралица на есента. Слаткото месо со фина текстура крие огромно богатство на нутриции, а истовремено е сиромашно со калории, дури и кога се вари.

Тиквата е одличен извор на витамин А и одличен извор на важниот антиоксиданс, витаминот Ц. Заедно, витамините А и Ц соработуваат и го јакнат имунолошкиот систем. Тиквата особено е богата со витамини од групата Б, посебно витамин Б1, Б3, Б5, како и со фолна и пантотенска киселина. Витамините од групата Б се сметаат за „антистресни витамини“, бидејќи при недостиг на некој од овие витамини доаѓа до летаргија, анксиозност и депресија. Витамините од Б групата исто така имаат релаксирачко дејство, а познато е дека витамините Б се во директна спрега со развојот и зачувување на менталната функција на човекот.

Овој плод е драгоцен извор на минералот калиум, манган и бакар, како и на прехранбени влакна кои се неопходни за правилно функционирање на системот за варење. Од сите зеленчуци, тиквата е најдобар извор на алфа-линоленска киселина, на есенцијалните омега-3 масни киселини, кои го намалуваат ризикот од срцеви болести и крвни садови.

Интензивната портокалова и жолта боја на тиквата се должи на фитохемикалиите од групата на каротеноиди: алфа-каротен, бета-каротен, лутеин, зеаксантин и бета-криптоксантин. Освен за каротеноидите се заслужни и за лековитото дејство на тиквата. Делува како силен антиоксиданс, штитејќи го организмот од слободните радикали, истовремено овој плод ја подобрува работата на имунолошкиот систем, го штити здравјето на срцето, очите и белите дробови.



Наjновo од Здравје
Не пушете за време на бременоста
Дијабетичарите треба да внимаваат кога седнуваат зад воланот
Никотинот го поттикнува ракот на дојка
Со храна против стресот
Болничките инфекции причина за смрт
Газираните пијалоци се штетни за трудниците
Како да ја вратите загубената енергија
Виното го подобрува помнењето
Феферон - смрт за туморот
Зачувајте го помнењето со јагоди и капини
Боровинките дејствуваат врз уринарни инфекции
Со зелени листови против шеќерна болест
Електрицитетот го прави компирот поздрав
Солта го извлекува калциумот од коските
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи