среда, 05.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Исхрана

Баобабот ја освојува Европа

Плодот на баобабот, чие користење во ЕУ неодамна го одобри Европската комисија, е кисел помалку со остар вкус, но преполн со витамини и калциум. - Се очекува дека бргу ќе почне да се користи во Европа како додаток на овошно-млечните пијалоци и колачи направени од интегрални зрна.

Дакар  - Африканското дрво баобаб во Европа познато под името „дрво на животот“, со векови е симбол на Африка, но наскоро, благодарение на одлуката на Европската комисија неговиот плод да го одобри како производ за човечка исхрана, ќе го „преплива“ Средоземното море за во Европа да стане неразделен дел од секојдневниот живот.

Плодот на баобабот, кој како што истакнуваат експертите, е многу хранлив па дури и лековит, иако има помалку остар, пикантен вкус, може многу бргу да се најде на рафтовите на европските самопослуги како додаток на овошно-млечните пијалоци.

Дрвото баобаб, најчесто е масивно, со огромен размер на стеблото, не изгледа многу убаво - некои дури го нарекуваат „дрво засадено наопачки“ поради својот чуден изглед - но кој смета на изгледот кога плодот е толку единствен ?

Токму тоа е логиката по која се водеа европските компании кога се одлучија да почнат да го користат средишниот меснат дел на плодот на баобабот - пулпата, за засладување на колачи од интегрални зрна како бонжита, и овошно-млечните пијалоци, откако Европската комисија ова лето го дозволи неговото користење како нов производ на тлото на Европската унија.

Ова се разбира е одлична можност за споменатите компании да остварат голема заработувачка, но, велат експертите и нова шанса за сиромашните жители на Африка јужно од Сахара.

Според проценката на британскиот Институт за природни богатства, тие би можеле да остварат извозна добивка во висина од најмалку една милијарда евра. Истовремено, оваа дејност би можела да вработи најмалку 2,5 милиони домаќинства.


„Можностите се огромни. Уверени сме дека селското население ќе има голема корист од оваа работа“, изјави за Ројтерс др. Луси Велфорд, менаџер на маркетинг во компанијата „Фито трејд Африка“, која се бави со промоција на африканските природни производи.

Африканците со векови ги користат благодетите од пулпата на баобабот, полна со витамини и калциум, не само за освежување, туку и за лекување на дехидрација, дијареа и грозница. На гладните африкански деца, овие плодови се често единствена ужинка.

„Многу интересно овошје... Има вкус на нешто помеѓу цитрон и урма“, вели Луси Велфорд.

Таа очекува, пулпата од плодот на баобабот да биде користена како додаток на млечните пијалоци со овошје и колачите од интегрални зрна.

„Може да се користи во сок, во сладолед, џем и пекарски производи“, додаде таа.

„Фито трејд“ уште во 2006 година поднесе барање пулпата на баобабот да биде ставена на листата на нови производи за човечка исхрана, но Европската комисија донесе одлука дури сега, две години подоцна.

Бен Бенет, еден од авторите на извештајот од Институтот за природни богатства, изјави дека остриот вкус и интересниот витамински и нутритивен состав ќе придонесе за широка потрошувачка на баобабот во Европа.

Најчестиот вид на баобабот во Африка го носи научното име Адансониа дигитата, по францускиот истражувач Мишел Адансон, кој овој вид го открил во 18 век во Сенегал, ловејќи антилопи.

Баобабот кој е национален симбол на Сенегал, расте и на Мадагаскар и во Австралија. Се претпоставува дека името му потекнува од арапскиот збор „бу хибаб“ што значи „овошје со многу семки“. Просечно живее до 500 години, но не се реткост и стеблата кои се стари дури 5.000 години.


Наjновo од Здравје
Целерот непресушен извор на здравје
Како стресот на работа влијае врз здравјето на човекот
Ботоксот продира до мозокот
Генетски модифицирана соја штити од инфаркт
И направиле јазик од ногата
Големината важна и за жените
Со мирис на ванила против гладот
Детоксикација за здраво слабеење
Со камилица против дијабетес
Виолетовиот домат ново оружје против ракот
Црешите ги спречуваат кардио-васуларните болести
Калинката подобра од виаграта
Не е важно колку, туку како јадете!
Нова метода за намалување на апетитот
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи