
|
 |
Здравје / Исхрана
|
|
Лошите одлуки на празниот стомак
Главна причина за лошите одлуки е гладот, покажа истражувањето на британските научници според кое еден од десет луѓе тврдат дека гладот влијае врз нивните одлуки. Најмногу лошите одлуки на празен стомак се прават во Лондон, каде дури 18 од луѓето изјавиле дека одлуката им била поматена поради чувството на глад.
Во меѓувреме, во источниот дел на Англија се прават најмалку лоши одлуки како последица на гладот, покажало испитувањето.
Покрај влијанието на менталните способности, прескокнувањето на оброци лошо влијае и врз телесната тежина.
Според нутриционистката Азмина Говинѕи, чувството на заситеност е една од клучните работи во долгорочното одржување на телесната тежина.
 „Тоа е многу подобар пристап отколку брзите диети кои најчесто ве тераат да се чувствувате гладни во текот на целиот ден, а како последица многу лесно можете да паднете во искушение да посегнете по нездрава храна“, изјави Азмина Говинѕи.
Нутриционистката препорачува да не мислите на храна доколку сакате да донесете добра одлука.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|