
|
 |
Здравје / Исхрана
|
|
Нова метода за намалување на апетитот
Британските научници со институтот „Food Research“ успеале да направат храна која го забавува дигестивниот систем, кој испраќа сигнали до мозокот за ситоста на организмот.
 Прелиминарните истражувања сугерираат дека со помош на модифицираните намирници, од леб до јогурт, може да се забави дигестијата и до мозокот да се испратат лажни информации кои би довеле до потиснување на желбата за храна.
Новиот пристап се темели на имитација на реакцијата на организмот која настанува по внесувањето на храна богата со масти. Сепак во овој случај се внесува храна која има малку калории, што е особено важно за лицата кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина.
Една од потешкотиите која лежи на патот на развојот на нова метода за успешно намалување на телесната тежина е фактот што мозокот, благодарение на хормоните кои го регулираат апетитот, се потпира и на рецепторите кои го информираат и за количината на храна во желудникот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|