
|
 |
Здравје / Исхрана
|
|
Витамините Е и Ц не штитат од срцеви заболувања
Ниту витаминот Ц, ниту витаминот Е како додатоци во исхраната не го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, како што се срцев и мозочен удар, соопштија американските научници.
Во студијата, објавена во магазинот „Journal of the American Medical Association“ се истакнува дека двата витамина за кои досега се сметаше дека го штитат организмот од слободните радикали, всушност не го штитат организмот од оштетување на клетките, ткивата и органите. Досега во повеќе наврати беше докажувано дека луѓето кои јадат овошје и зеленчук богато со овие витамини поретко страдат од рак, срцеви и други болести.
„Луѓето и понатаму треба да ги задржат здравите навики на исхрана, редовно да вежбаат и да ги контролираат ризичните фактори, како што се високиот крвен притисок и високиот холестерол. Сето ова придонесува за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести“, изјави Хауард Сесо, од бостонската „Women's Hospital“.
Во истражувањето, со кое требаше да го покаже влијанието на витаминот Ц и на Е, учествуваа 14.641 испитаник на возраст од околу 64 години. Дел од испитаниците земале витамин Ц, други витамин Е, а дел од нив користеле плацебо витамини во период од осум години.
Резултатите од осумгодишното истражување покажаа дека кај лицата кои земале витамини немало значителни разлики во поглед на здравствената состојба во споредба со оние кои земале плацебо витамини.
„За разлика од претходните истражувања, во кои витамините Е и Ц на пациентите им се даваа во комбинација или заедно со други антиоксиданси, со оваа истражување сакавме да утврдиме како овие витамини самостојно делуваат врз организмот. Утврдивме дека нивното одвоено консумирање не влијае врз кардиоваскуларните болести“, се наведува во заклучокот од студијата.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|