петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Здравје / Медицина

Детската самодоверба е ранлива

Самодовербата е многу значајна за растот и развојот на детето. Како што детето расте така се менува и неговата самодоверба. Тоа се случува бидејќи се менува перцепцијата и детето е погодено од најразлични искуства. Би било пожелно родителите да бидат свесни за знаците на здравата и нездравата самодоверба, упатува Немоурс Фондацијата за заштита на децата.

Детето кое има ниско само-почитување нема да сака да пробува нови нешта. Тој или таа често ќе зборува негативно за себе упатувајќи си забелешки како што се: “Глупав/а сум” или “Никогаш нема да научам да го правам ова”. Детето кое мисли дека на никого не му е грижа за него, има ниска толеранција и многу често може да се чувствува фрустрирано. Овие деца брзо се откажуваат од некои активности кои бараат посветеност, претерано се критични кон себе и лесно се разочаруваат. Ниската самодоверба, од безначајна и привермена, може да пoрасне во сериозна состојба која во иднина детето не би можело да ја контролира.

Здравата самодоверба кај детето се одразува на тој начин што тоа е подготвено за интеракција со другите деца. Тој или таа се чувствуваат удобно и задоволно во секакви социјални средини, уживаат во групни и индивидуални активности. На пример, наместо детето да рече: “Јас сум глупав/а” детето со здрава самодоверба ќе рече: “Не го разбирам ова”. Тој или таа се свесни за своите предности и недостатоци и ги прифаќаат. Кај овие деца преовладува оптимизмот.

Што можат родителите да сторат?

1. Внимавајте што зборува вашето дете. Бидете сензитивен родител. Наградете го ако си ја завршило задачата како што треба, но и ако се потрудило да направи нешто што не му оди од рака. Верувајте му.

2. Бидете позитивен пример. Ако сте премногу строги кон себе, песимисти и нереални за своите можности и ограничувања, вашето дете ќе се огледа во тие постапки. И вие самите негувајте ја самодовербата, така ќе бидете вистински пример.

3. Идентификувајте ги ирационалните мисли кај вашето дете. Без разлика дали тие размислувања се однесуваат за физичка убавина, можности, перфекција, значи што и да е, доколку е нереално, тогаш е токсично за вашето дете. Многу често, погрешните перцепции од детството остануваат засекогаш наши видувања за разни животни ситуации. Охрабрете го детето да ја види ситуацијата во нејзиното вистинско светло.

4. Бидете спонтани и нежни со вашето дете. Оваа љубов е директно поврзана со самодовербата на вашето дете. Прегрнете го, кажете му дека сте горди на него. Наградувајте го искрено. Научете го да се сака себе си, само така ќе ги сака и другите.

5. Креирајте сигурна атмосфера во домот. Децата кои се тепани или злоставувани имаат многу мала шанса да имаат самодоверба како возрасни.

6. Направете го вашиот дом место во кое детето се чувствува заштитено. Внимавајте на сигналите кои ви ги праќа, тоа мора да се чувствува сигурно за да ви каже дали надвор е злоставувано, исмејувано или тепано. Но, и децата кои се сведоци на постојани кавги и тепачки меѓу родителите многу често развиваат депресија и се комплетно интровертни.

7. Помогнете му на детето да биде дел од конструктивни искуства. Тоа значи да биде дел од активности кои ќе потикнуваат соработка, а не компетиција. На пример, замолете го постарото дете да му помогне на помалото во некоја активност која постарото добро ја владее.

{И.Ј}




Наjновo од Здравје
Не пушете за време на бременоста
Дијабетичарите треба да внимаваат кога седнуваат зад воланот
Никотинот го поттикнува ракот на дојка
Со храна против стресот
Болничките инфекции причина за смрт
Газираните пијалоци се штетни за трудниците
Како да ја вратите загубената енергија
Кантарионот никогаш во комбинација со седатив
Проблемите со акните не зависат само од кожата
Клетки од кожа трансформирани во клетки на црн дроб
Лек за дијабетес го блокира развојот на ракот на белите дробови
За подобро да спиете...втор дел
Екстрактот од куџу ефикасен против зависноста од кокаин
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи