
|
 |
Здравје / Медицина
Ризик од апноеа при спиење
`Рчењето е опасно. Апноеа при спиење во екстремни случаи може да предизвика срцев инфаркт или мозочен удар
Милиони луѓе секоја ноќ `рчат со голем интензитет. Притоа јачината на звукот честопати достигнува до 80 децибели. За споредба ќе ја наведеме бучавата во сообраќајот, за која е одредена гранична вредност од 70 децибели. Тоа не е постојан стрес само за партнерот, туку и за самиот оној кој `рчи, рчењето може да прерасне во оптоварување кој сериозно се интензивира. Како последица од континуираното `рчење може да се јават главоболки, запушени артерии, висок крвен притисок, па дури и инфаркт и мозочен удар. Причината е тоа што `рчењето честопати води до недостаток на кислород, а кај тешки случаи дури и до таканаречената апноеа за време на спиењето, прекин на дишењето кој е опасен по живот. Околу 2% од сите жени и 4% од сите мажи на возраст од 30 до 60 години страдаат од `рчење, а честопати не се свесни за тоа. Известува Карин Ламсфус:„По 30 години брак мојата сопруга ја напушти спалната соба и дури четири години спиеше во дневната соба. Повеќе не можам да го поднесам твоето `рчење и тишината која потоа следи! Во тие моменти не знам дали си се` уште жив!“, вели таа.
Оние кои `рчат „вообичаено“, најчесто имаат одлично здравје, а здравствената состојба на апноетичарите е поинаква. „Апноеа“ во превод значи прекин на дишењето, што значи дека додека спијат, дишењето кај овие пациенти прекинува и до 30 пати во еден час. Во екстремни случаи паузите траат и по 2-3 минути. Тешките последици ги објаснува интернистот и пулмолог, проф. Курт Раше од Вупертал: „Се лачат хормони на стрес, доаѓа до зголемување на крвниот притисок, што кај оние со срцеви заболувања може да доведе и до акутни срцеви болести. Факт е дека повтореното зголемување на крвниот притисок и стресот, кај пациентите кои боледуваат од апноеа при спиењето, на подолг период ќе доведат до низа од заболувања поради висок крвен притисок.“
Оттука произлегува намалено снабдување со кислород на мозокот, срцето и крвотокот, кое е зависно од тежината на случајот. Овие луѓе немаат длабок сон кој служи за одмор, и затоа во текот на денот имаат зголемена потреба за спиење. Притоа доаѓа и до напнатост, раздразливост и психичка штета. Но може да биде и со долгорочни последици: „Познато е дека случаите на мозочен удар се се` позачестени, од една страна долгорочно поради запушените крвни садови, но секако можно е во текот на ноќта во рамките на прекинот на снабдување со кислород да дојде до прекини на циркулацијата на крвта во мозокот. Честопати имаме пациенти, кои кажуваат дека наутро едноставно се разбудиле со парализирана рака, што значи дека за време на спиењето претрпеле мозочен удар.“
Иако екстремниот замор во текот на денот е прва индиција, сепак апноеата при спиење може да се дијагностицира само во лабораторија за спиење. Кај пациентите кај кои ќе се постави дијагнозата, придружник во текот на ноќта им станува апаратот „Цпап“ („Cpap“), што е кратенка за Континуирано позитивен притисок во дишните патишта (Continous positive airway pressure). Тоа е маска за дишење која континуирано продуцира прекумерен притисок и на тој начин ги спречува опасните прекини на дишењето.
Во медицината ретко е можна толку брза и ефективна помош кај толку тешки телесни заболувања. Мал е бројот на случаи кога пациентите, само на почетокот, не сакаат да го прифатат овој корисен пронајдок. Апаратот е комбинација од носна маска, слична на онаа во авионите, и апарат на ноќната масичка со големина на лаптоп кој брмчи тивко. Тие се поврзани со црево за вештачко дишење во вид на сурла. Не изгледа многу привлечно.
„Всушност без сомневање имав проблеми да дојдам дома со таков апарат. Непријатно е тоа што `рчењето е табу тема. Можеби е прифатливо за мажите, на кои им е допуштено да исечат половина шума. Жените уште поретко зборуваат за `рчењето. Не знам дали би ја прифатиле сурлата која треба да ја стават на носот и да спијат со маската навечер... Потребен е одреден период на адаптација, за потоа да можат да зборуваат на таа тема.“
Од голема помош е тоа што пациентите кои боледуваат од апноеа во цела Германија се извонредно добро организирани во групи на лица со истиот проблем. Редовното разменување на искуства го следат лекари специјалисти и психолози. Но, најголемата поддршка пациентите заболени од апноеа си ја даваат меѓусебно. По одреден период многумина забележуваат дека големата порција креативност е од исклучително голема корист. Во секој случај, така ќе биде се` додека не се пронајдат други алтернативни методи на лекување.
„Изградив свој психолошки мост. Кога бев млад сакав да одам во војска, да станам пилот на борбен авион, Старфајтер. Но, јавањето на пламен млаз, не ми се оствари. Денес на тоа гледам поинаку. Навечер се качувам во мојот авион со мојот апарат за дишење, и барам дозвола од контролната кула, „подготвен за полетување“.“
Потоа, во прекрасните соништа, летам на секое место на земјата. Од првиот ден, секое утро се чувствувам полн со енергија како спортска патика!“
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|