петок, 28.03.2008

  IDIVIDI Мени
Здравје / Медицина

Пролетта и вашиот организам

Победете го пролетниот шок

Месото и месните преработки, мрсната и тешко сварлива храна, многу слатки работи - сите тие се голем непријател на витката линија, но и на здравјето на организмот. А морате а признаете дека за време на зимските месеци можеби малку и претеравте со консумација на таа “забранета” храна. Се насобрале вишок килограми, отежната е размената на материите во организмот и е намален одбранбениот механизам.

Престанете да јадете чоколада и колачиња, пржени и мрсни јадења. Место нив, зголемете го количеството на свежо овошје и на свеж и варен зеленчук, варена риба и варено пилешко месо

Пијте чај од нане - барем три филџанчиња на ден - бидејќи го помага варењето на храната и размената на материите во организмот.

Намалето го пиењето кафе - дозволено е најмногу две филџанчиња на ден, и тоа не одеднаш, туку едно претпладне, а другото попладне. Пијте многу течности, се разбира, не слатки сокови и коктели, туку обична или минерална вода. Сепак, подобра е минералната, бидејќи содржи соли и минерали кои му се многу потребни на организмот.

За организмот нормално да функционира и да ги исфрли сите штетни материи, треба да се испијат најмалку два литра течности на ден.

И на црниот дроб му треба закрепнување

Зачинетата, мрсна и тешко сварлива храна, како и алкохолот му штетат на црниот дроб. Во текот на зимските месеци овој голем филтер на нашиот организам навистина работи напорно, бидејќи треба да го ослободи организмот од сите штетни состојки. Но, како и сите делови од организмот, и црниот дроб може да се измори, што е една од најголемите причини за пролетниот умор.

Земете младо цвекло, излупете го и на цетрифугален соковник исцедете му го сокот. Ако немате соковник, можете да го изрендате, па со гмечење да му го исцедите сокот. Пијте најмалку три филџанчиња на ден свежо исцеден сок. Имено, сокот од цвекло ја подобрува работата на црниот дроб, ги обновува неговите станици и го штити од премногу собирање на мрсни станици.

Маслиновото масло е исто така многу корисно за црниот дроб. Настојувајте да го користите Што повеќе при подготвувањето на јадења и салати; најкорисен за организмот ќе биде варен зеленчук прелеан со две-три лажици маслиново масло.

По појадокот, испијте едно апче витамин Б - комплекс.


Вработете ги мрзливите црева

Премалку движење и неадекватната исхрана придонесуваат за мрзливост на цревата. Нередовната столица и натрупувањето на отпадните материи многу ќе му штетат на организмот. Се појавуваат умор, подуеност; се разбира, ќе се зголемат и килограмите, а натрупувањето на штетни материи во организмот најмногу ќе се одрази на кожата - таа ќе стане мрсна, нечиста, со многу митесери и мозолки.

Изедете најмалку де парчиња леб од интегрални жита на ден.

Барем еднаш дневно изедете порција варен зеленчук.

По појадокот и по вечерата изедете едно неизлупено, добро измиено јаболко.

За да ги отстраните штетните микроорганизми собрани во цревата и за да создадете услови за обнова и за создавање на корисната цревна флора, по ручекот и по вечерата испијте филџанче кисело млеко во кое сте измешале една лажица јаболков оцет.

За здрава крв

Кај многу жени виновник за пролетниот умор е недостигот од железо во крвта. Само со доволно железо во крвта црвените крвни зрнца можат да ги снабдуваат станиците на организмот со доволно хранливи состојки и со кислород.

Сокот од цвекло кој ќе го пиете за обнова на црниот дорб поволно ќе дејствува и на составот на крвта.

Барем еднаш неделно јадете пржен леб, а во текот на неделата изедете 3-4 јајца (никако пржени, само меко варени).

По секое јадење испијте шумлива таблетка витамин Ц, кој го подобрува разградувањето и апсорпцијата на железото во организмот.

Движете се на свеж воздух, вежбајте пред отворен прозорец, за време на викендите поминувајте повеќе време на отворено.

Јадете многу спанаќ, квасец и производи од интегрални жита.

Подобрете го срцето и крвотокот

Нервозата, биењето на срцето, вртоглавицата и проблемите со крвотокот се засилуваат со доаѓањето на топлите пролетни денови.

Грчевите во мускулите се знак за слаба снабденост со крв, но и за недостиг од магнезиум во организмот. Во аптеките можете да купите шумливи апчиња магнезиум, а можете да пиете барем литар минерална вода со додаток на магнезиум секој ден.

За појадок јадете произоди од интегрални жита - мусли, овесни, 'ржени, јачменови, зобни, пченкари снегулки или пуканки, бадеми и суво овошје.

Движете се и првете гиманстички вежби.




Човечкиот мозок - се уште енигма
Пролетта и вашиот организам
Трудниците без алкохол во првите три месеци
Антибиотиците не делуваат на воспалените синуси
Старите резервите на крв - смртоносни
Предолго пред компјутерот, штети на очите
Плодноста кај жената зголемена во пролет
Апел за дозвола на клонирањето
Со клонирани клетки против Паркинс
Французите пушат се помалку
Храната влијае врз квалитетот на спермата
Човечката кожа - штит од бактерии
Предупредувачки сигнали од телото
Пробните вакцини против СИДА - штетни
Стресот на родителите ги разболува децата
Ризик од апноеа при спиење
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
0500 44 555
Курс по астрономија
detsko zdravje
Траен налог
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи