петок, 28.03.2008

  IDIVIDI Мени
Здравје / Медицина

Човечкиот мозок - се уште енигма

Научниците открија одреден констелација на електромагнетните бранови во човечкиот мозок кои, на некој начин, можат да ги сугерираат првите симптоми на шизофренија. Лекарите, имено, открија дека нивото на меѓусебната комуникација на нервните центри во мозокот што се задолжени за формирање ментални претстави за околината се многу понеактивни кај луѓе заболени од шизофренија.

Според мислењето на лекарскиот тим од Факултетот за медицина на Универзитетот “Харвард” со подоброто познавање наовој феномен би можело не само подобро да се ојбасни природата на шизофренијата, туку и да се изнајдат поефикасни, методи како овие пациенти да се ослбоодат од карактеристичните халуцинации и, вооопшто, од нарушувањата во свеста и поведението.

Како што е објаснето во статијата објавена по повод овие истражувања на научната екипа од “Харвард” лекарите го анализирале нивото и матрицата на електромагнетните бранови во мозоците на 20 здрави единки и на 20 пациенти заболени од шизофренија. На испитаниците им прикажувале еден графички пирказ на кој неколку геометриски фигури биле поставени така што празниот простор меѓу нив сугерирал фигура на квадрат. Тестираните луѓе пртоа имале задача да притиснат тастер што нивниот реконгнитивен систем ќе го препознаел квадратот.

Егзактниот заклучок до кој дошле лекарите од хавард е дека заболените од шизофренија се заизвесен степен поспори во интелектуалното перципирање од оние здравите. Кога, пак,

експертите ги споредиле снимките на електромагнетните мозочни бранови на испитаниците направени за време на експериментот откриле дека шизофреничарите покажувале мала или никаква активност на одредени мозочни центри.

Кажано поинаку, овој експеримент покажал дека во процесот на интелектуална перцепција на нештата од околината кај здравите луѓе постои одредена прецизна матрица во мозочните активности, кои се индикатор на рекогнитивниот процес, додека кај заболените од шизофренија се согледуваат искривувања на ЕЕГ - снимката.

Д-р Роберт Мекарли, кој го предводеше харвардскиот тим, вели дека разликите на ЕЕГ-снимките меѓу здравите и шизофреничарите се драматични, особено кај таканаречената гама-лента на ЕЕГ - снимките. “Кај луѓето кои не боледуваат од душевна болест”, објаснува д-р Мекарли, “комуникацијата меѓу одредени групи невронски центри во мозокот се движи околу фреквенцијата од 40 херца, додека кај шизофреничарите тој индикатор е многу понизок”. Токму ова откритие, според д-р Мекарлли, сугерирале дека шизофренијата, меѓу другото, се карактеризира по тоа дека нивото на меѓусебната комуникација на невронските центри во мозокот е многу послаба. преведено на јазикот на медицинските лаици тоа би значело дека болните од шизофренија го воспримаат светот околу себе на поинакокв и позагадочен начин од здравите луѓе, при што наместо прецизните матрици за рационална рекогниција кај здравите, кај оние заболените фантазијата и некои други нивоа на свеста ја преземаат улогата на “толкувачи” на перцепираните содржини.

Инаку, една од можните предности на сознанијата до кои дојдоа научниците од Универзитетот Харвард е науката во иднина да открие методи, вклучувајќи тука и фармаколошки средства, со кои овој “дефект” во работата на мозокот кај болните од шизофренија би можел да се отстрани привремно, а можеби и трајно.




Човечкиот мозок - се уште енигма
Пролетта и вашиот организам
Трудниците без алкохол во првите три месеци
Антибиотиците не делуваат на воспалените синуси
Старите резервите на крв - смртоносни
Предолго пред компјутерот, штети на очите
Плодноста кај жената зголемена во пролет
Апел за дозвола на клонирањето
Со клонирани клетки против Паркинс
Французите пушат се помалку
Храната влијае врз квалитетот на спермата
Човечката кожа - штит од бактерии
Предупредувачки сигнали од телото
Пробните вакцини против СИДА - штетни
Стресот на родителите ги разболува децата
Ризик од апноеа при спиење
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
0500 44 555
Курс по астрономија
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи