понеделник, 24.03.2008

  IDIVIDI Мени
Здравје / Медицина

СОЗНАНИЈА
Човечката кожа - штит од бактерии

Човечката кожа и натаму крие многу енигми. Неодамна, на пример, една група германски научници го открија механизмот со кој кожата, конкретно деловите што се наоѓаат на врвовите на прстите од раката, успева превентивно да се заштити од некои опасни бактерии каква што е ешерихија коли.

Тајната на овој механизам е во специјалниот протеин наречен псоријазин што ги убива бактериите така што го апсорбира цинкот, елемент неопходен за нивно преживување.

Ешерихија коли, инаку, е цело семејство бактерии од кои поголемиот дел не се опасни за човекот, но некои од нив се мошне опасни, бидејќи предизвикуваат труење на храната. Научниците од универзитетот во Киел за да ја откријат тајната како функционира овој превентивен процес бакериолошки ја анализирале водата со која група испитаници си ги миеле рацете, споредувајќи ја притоа со водата користена за миење на другите делови на телото. Изведувајќи ја анализата, тие биле зачудени дека во водата со која испитаниците си ги миеле рацете нема никакви траги од некоја од бактериите од семејството ешерихија коли дури ни во количества што обично се наоѓаат во примероци на човечка пот.


Понатамошните истражувања ги навеле на егзактен заклучок дека заслуга за уништувањето на ешерихија коли има токму псоријазиниот, протеин откриен пред неколку години кај луѓе болни од псоријаза, кај кои е екстремно зголемено нивото на создавање на овој протеин.


Храната влијае врз квалитетот на спермата
Човечката кожа - штит од бактерии
Предупредувачки сигнали од телото
Пробните вакцини против СИДА - штетни
Стресот на родителите ги разболува децата
Ризик од апноеа при спиење
Операција на слепо црево низ уста
Генетска терапија за Паркинсова болест
Компјутерите, мускулите и крвниот притисок
Индексот на телесна маса го предвидува ракот на дојките
Лек за Паркинс против канцер
Шеќер за сила
Виното е полошо за мозокот од пивото
Наскоро вакцина за висок крвен притисок?
Машката неплодност започнува во матката
Алкохолот добар за срцето?!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
0500 44 555
Курс по астрономија
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи