сабота, 22.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Медицина

АЛЕРГИИ
Во носот, боцкање во очите, јадеж во носот, кивавица...

Со првите пролетни денови доаѓаат и проблемите, навидум наивни: чувство на јадеж во носот, непријатно боцкање во очите, честа потреба за кивање. Ако тоа често ви се случува, веројатно сте алергични на цветниот прав кој напролет почнува да се шири низ воздухот. Ако тоа може да ве утеши, воопшто не сте осамени; армијата “кивачи” е навистина многубројна.

Виновник број еден е цветниот прав (главен елемент на репродуктивниот циклус). Семејството Graminae го сочинуваат повеќе од 40 растенија, од одгледуваните (жита) до дивите (на пример: глуварче, плевел). Еден ар насад напролет произведува 15 тони цветен прав дневно. При секое вдишувње значителна количина од микроскопски ситните зрнца поленов прав влегува во организмот и предизвикува појава на алергиски симптоми (а за тоа е доволно само едно зрнце).


Кој е алергичен, односно осетлив на тие материи (алергените), ги чувствува само ако ги има во воздухот. Затоа се зборува за сезонски алергии. Другите, пак, симптомите на алергијата ги чувствуваат цела година. Во тој случај се работи за постојани алергии, а алергените веќе не се ограничуваат само на цветниот прав, туку веќе се работи и за други материи, како што се протеините кои ги има во влакната на домашните животни (мачките и кучињата), или микроорганизмите кои ги има во куќната прашина, а ги движи струењето на топлиот воздух, или микроорганизмите кои ги има во куќната прашина, а ги движи струењето на топлиот воздух, или микроскопската мувла со која, инаку, нормално живееме.

Зошто на некои луѓе домашните миленици им се “непријатели”, зошто мораат да ги отстранат сите теписи од станот, додека на други тие воопшто не им пречат? Причината лежи во различната осетливост на имунолошкиот систем на алергените. Одбраната на имунолошкиот систем кај алергичните лица е постојано зголемена, тој е во постојана борба со цветниот прав, со влакната, со мувлите, со материите за кои остатокот од човештвото воопшто не се грижи. Таквата претерана одбрана предизвикува производство на хемиски материи како што е хистаминот, чија задача е да се бори против опасните наметливци: токму тие хемиски материи, кога еднаш ќе се активираат, го предизвикуваат познатиот јадеж во носот, во грлото, воспаление и солзење на очите, а кај некои и непрекинато кашлање и чувство на задушување.

Јасно е дека целосно излекување е можно само со отстранување на “виновните” материи, што во суштина е невозможно, ( барем кога се работи за сезонските алергии) но може да се ограничи вдишувањето на цветниот прав со избегнување на подолг престој на отворено во време кога го има најмногу во воздухот, со одрекување од домашните миленици, со отстранување на теписите и теписоние, кои се вистински резервоари на прав.

Како да препознаеме дали станува збор за обична настинка или за алергиска?

Едноставно: обична настинка трае приближно една недела, проследена е главно со температура и се јавува во студените месеци од годината. Алергиската настинка се јавува напролет и трае со недели или со месеци, речиси никогаш не е проследена со температура, а проблемите се обично, зголемени во определен дел од денот. За да бидете сигурни дека се работи за алегија, треба да направите одредени испитувања: алергијата се открива со изложување на кожата на сомнителни материи. Тие испитувња со сигурност ќе утврдат кои материи предизвикуваат алергиска реакција кај одредени лица. Врз база на наодите се одредува лекување, односно мерки кои треба да се преземат. Има многу лекови, во вид на инјекции, апчиња, спрејови за нос и за очи, кои го запираат излачувањето на хистамин или на слични материи кои непосредно предизвикуваат алергиски реакции.

Секоја терапија мора да ја одреди лекар специјалист, а за децата педијатар: апчето што е делотворно за возрасните може да биде премногу силно за децата. Ако се појавуваат алергиски реакции секогаш кога лицето ќе дојде во допир со алергенот, лекарот ќе одреди посебен третман “по мерка” на организмот за да се навикнува постепено на туѓата материја, односно да не реагира на алергенот.




Наjновo од Здравје
Тинејџерка преживеала 118 дена без срце
Нов лек против сида ?
Интегративна медицина за добро лекување
Прво пресадување на орган од основни клетки
Чај од хибискус за контрола на притисокот
Сокови од цеден зеленчук
Колабирал играјќи на компјутер
Поголема половина - поголем ризик од смрт
Со трансплантација на коскена срж излечиле пациент од сида
„Интелигентно апче“
Тешко е да се остават цигарите
Сонот важен за здравјето на срцето
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
detsko zdravje
Топ стории за последните 7 дена од
Медицина
Тинејџерка преживеала 118 дена без срце
Прво пресадување на орган од основни клетки
Колабирал играјќи на компјутер
Нов лек против сида ?
Интегративна медицина за добро лекување
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи