Здравје / Медицина
Долгото седење ги уништува мускулите на грбот
Седењето пред телевизор или компјутер повеќе часови може да предизвика силни болки во долниот дел на грбот, што бара долготрајно лекување, предупредија докторите од австралискиот Универзитет во Квинсленд.

Болките се јавуваат поради атрофија на мускулите во тој дел од 'рбетот, што е последица на повеќечасовно секојдневно седење пред теливизор или компјутер.
Како што пишува британското научно списание “Њу сајанс”, австралиските научници дошле до заклучокот по осумнеделно набљудување на 19 лица кои целото време го поминале лежејќи во кревет. Мускулите околу 'рбетот што ја приддржуваат и преземаат дел од тежината што тој ја носи, речиси целосно атрофирале, главно во долниот дел.
Научниците утврдиле дека нивното враќање во претходната форма е многу бавен процес.
|