
|
 |
Здравје / Медицина
Французите пушат се помалку
Благодарение на ефикасната владина кампања против пушењето, Французите купуваат помалку цигари, покажуваат официјалните податоци што ги објави Центарот за документација и информирање за пушењето (ЦДИТ).
Зголемувањето на цената на цигарите придонело продажбата на цигарите да се намали за 20 отсто во првата половина од годината. Падот на продажбата на цигари ЦДИТ го препишува на порастот на цената за 18 отсто минатата и девет отсто војануари оваа година.
Франција продолжува да ја зголемува разликата помеѓу цените на цигарите во однос на своите соседи. Цената на најпродаваните цигари во Франција во просек изнесува 5 евра, додека во Шпанија е 2,65, а во Луксембург 3 евра.
Меѓутоа, пушачите во франција сè почесто доаѓаат до цигари заобиколувајќи ја легалната продажба.
Претседателот на конфедерацијата на продавачи на цигари Рене Лепап побарал да се воведе правило со кое би се спречила приватната продажба на цигари.
Бидејќи цигарите се сметаат за “опасни производи” тие би требало да бидат симнати од листата на производи за секојдневна употреба кои се продаваат на пограничните премини, предложил Лепап нагласувајќи дека ситуацијата е “катастрофална” за продавачите на цигари во местата кои се во близина на границите.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|