Здравје / Медицина
Организмот - сам против себе Називот на болестите за кои овде станува збор не остава место за дилема: нашиот одбранбен (стручно кажано имунолошки) систем се напаѓа самиот себеси, своите клетки, своите ткива, своите крвни садови, своите нерви. Што го наведува на тоа, со што клетките, ткивата, крвните садови, нервите го предизвикале неговото “негодување”? - Која болест? Постојат повеќе... што одредува да се разгори токму една од нив?

Не станува збор за напад или за некакво “негодување”, туку станува збор за антигени или предизвикувачи на болести кои доаѓаат во организмот од надворешната средина, но можат да настанат и во самиот организам од изумрените клетки во природниот органски процес.
А кога се веќе тука во нас, прашање е дали нашиот имунолошки систем ќе ги препознае како “непријатели” и дали ќе ги отстрани или не. Во другиот случај во организмот ќе се создадат разни антитела насочени против други антигени и на тој начин ќе настане “конфликт” со сопствените ткива. Последица е системска автоимуна болест.
Која болест? Постојат повеќе... што одредува да се разгори токму една од нив? Дали вродената слабост на некој орган, зашто секој човек има свои Ахилови петици, па природно е тие први да страдаат.
Приближно е така. За причините за автоимуните болести мошне малку се знае, па не може ни целосно да се објасни причината поради која некој ќе заболи од ревматиден артритис, некој од системски еритемски лупус, од темпорален артеритис, од одредена фомрма на воспаление на крвните садови. Бидејќи наведовме четири автимуни болести (а ги има уште), ќе додадеме дека првите две почесто се јавуваат кај жените, додека на некои воспаленија на крвните садови се посклони мажите, на други жените, на трети децата, а на темпорален артрититс се посклони старите луѓе.
Исто така, постои одредена етногеографска распореденост на овие болести. На пример, Бехчетовата болест е многу почеста на Средниот и на Далечниот Исток, отколку во Европа и во медитеранските земји.
Покрај наведените, има уште неколку болести од оваа група, на пример, прогресивната системска склероза, дерматополимиозитисот, или воспалението на вертикалните мускули итн. Овие називи на лаиците не им кажуваат многу, а опишувањето на овие болести навлегува премногу длабоко во медицината и не би ни било јасно. Во секој случај, човек што ќе заболи од некоја автоимуна болест ќе дознае од лекарот за што станува збор и како треба да се лекува.
Но, пред стручњаците да ни претстават воопшто и “за сечија употреба” како треба да се живее со која било од тие болести, се вели да се живее, затоа што засега ниедна од нив не може да се излекува но не и фатална - интересни се две прашања: за нивното наследување и за нивната инфективност.
Генетика и наследување
Што се однесува до генетиката “некои автоимуни болести почесто се јавуваат во одделни семејства. Во секој случај, се наследуваат склоности, или подобро кажано, помалата отпорност на одбранбениот систем, па според тоа и поголемата можност за заболување, на пример, од лупус ил од ревматиден артритис.
На прашањето за инфективноста, одговорот е не: ниедна автоимуна болест не се пренесува, значи не е заразна. Но, слушнавме дека со својата причина или поттик таа е во нас. Значи, човекот ја носи таа склоност или слабост во себеси, веројатно се раѓа со неа.

Манифестирање и симптоми
Не постои единствен одговор за манифестирањето. Повеќето болести се јавуваат во младоста, некои уште во детството, а помал број во зрелите години и во староста.
Во врска со тоа се наметнува важното прашање: како да се препознаат, како да се знае кога треба да се оди кај лекар и кои се симптомите на тие посебни болести?
Единствен одговор нема - зависи од самата болест. Заеднички симптоми се општа слабост, омалаксаност, замор, зголемена телесна температура, губење на тежината, а кај ревматидниот артритис болки, оток и утринска вкочанетост во зглобовите, кај лупусот промени на кожата, а често и зафатеност на бубрезите и на нервниот систем.
Лекарот има задача да изврши испитување и да го упати болниот во клиничко - болничка установа. Интернистите - ревматолози, врз основа на подолго следење на голем број пациенти, создале сигурни критериуми за секоја болест, кои се патоказ кон дијагнозата.
Секако, тие критериуми не се зададени еднаш засекогаш, туку со време се менуваат и се дополнуваат, благодарение на новите сознанија и откритија. Со тоа кој знае по кој пат се потврдува дека во медицината како биолошка наука нема апсолутни правила. Покрај тоа, паралелно се развива клиничката имунологија и се откриени многу тестови, анализи и техники како основа на испитувањето и утврдувањето на болестите.
Лекување
Што се однесува до лекуваето и до тоа дали постојат ефикасни лекови одговорот би бил: ги има сè повеќе и тие овозможуваат често блеста доживотно да се држи под контрола и да се живее нормален живот. За успешно лекување е важно дијагнозата колку што е можно порано да се постави и доследното спроведување на терапијата, зашто со тоа успеваме не само да ја потиснеме болеста, туку и да ги зачуваме функциите на одделни органски системи.
Но, покрај лековите, кај многу од овие болести мошне важна е физикалната терапија, која исто така ја одредува специјалист, поточно физијатрите, едни од најблиските соработници на ревматолозите.
Накусо, неопходен е активен однос спрема болеста од која човекот треба и може да биде посилен. Во тоа со своите совети ќе му помогне лекарот.
|