Здравје / Медицина
Храната влијае врз квалитетот на спермата
 Храната богата со витамини фолати ги намалува шансите за произведување на абнормални сперматозоиди, кои може да доведат до зачнување на деца со генетски аномалии. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Калифорнија покажало дека исхраната богато со фолати е поврзана со намалувањето за 30 отсто на бројот на спермата која има погрешен број на хромозоми. Веќе е познато дека фолатите го намалуваат ризикот од компликации при породувањето, а присутнит се кал листовидниот зеленчук и мешункастите плодови и кај овошјето. Се проценува дека 4 отсто од здравите мажи имаат или премноги или премалку хромозоми. Станува збор за анеуплодија, состојба поврзана со отежнато зачнување, спонтани абортуси, па дури и раѓање на деца со Даунов, Тарнеров и Клинефелтеров синдром. (Д.Т)
|