Здравје / Медицина
Предолго пред компјутерот, штети на очите
Луѓето кои поминуваат повеќе часови пред компјутерот, ризикуваат да добијат оштетување на видот, заморување на очите, главоболка или пак сензитивност кон светлината - глобално познато како „синдром од компјутерско користење“. Овој синдром бил откриен од страна на Американска Оптометриска Асоцијација, поточно од Др. Кент Даум, оптометрист и претседател на Илиноис Колеџот во Чикаго. „Компјутерот е предизвикувачка средина за визуелниот систем и многу е потешко за очите да се фокусираат, објаснил Др. Даум. 
Според најновото АОА истражување изведено на 1 000 индивидуи над 18 години, 82% изјавиле дека често користат компјутер, 42% признале дека минуваат 3 или повеќе часа дневно пред компјутерскиот екран, 73% велат дека не земаат паузи додека работат на компјутерот, често колку се препорачува, а 10% од нив воопшто не прават паузи. Освен оштетување на видот, луѓето кои работат на компјутер најчесто имаат проблеми со вратот и рамениците. Многу Американци ја чувствуваат болката од синдромот од компјутерското користење, околу 10 милиони луѓе годишно ги посетуваат оптометристите за проблеми врзани со оштетувања на очите. Даум изјавил дека постојат сигурни и многубројни начини за лекување од наведениот синдром. „Прво треба да се прават редовни прегледи на очите и редовно работење со лекар оптометрист за решавање на проблемите. Лекарот кој знае дека го користите компјутерот во подолг временски период, ќе препорача соодветна терапија.“ „Специјални компјутерски стакла и заштитници на компјутерскиот екран, овозможуваат намалување на можноста за оштетување на видот.“ „ Не заборавајте да трепкате додека сте пред компјутерот.“ - додава Др. Даум. Тој го истакнува правилото 20/20- „секои 20 минути погледнете на страна подалеку од компјутерот, за отприлика 20 секунди; ова ќе го минимизира развојот на проблемите со видот и иритацијата на очите, како резултат на недоволно трепкање. Осветлувањето во собата е многу важно. Треба да се намали количеството на светло во работната соба. „Не смее да се има рефлексија од компјутерскиот екран, ниту да се има прозорци во полето на видикот“, истакнал Даум. За крај, поставеноста на компјутерот треба да биде правилна, „Екранот треба да биде право поставен, за да нема потреба од искривување на телото, а мониторот да е во висина на очите, или малку подолу од нивото на очите. - советува Даум. (М.Ж)
|