Здравје / Медицина
Антибиотиците не делуваат на воспалените синуси

Истражувањето на клиниката за епидемиологија во Базел покажало дека лекарите во 90 отсто од случаите за воспаление на синуси препишуваат антибиотици, но тој лек нема никакво дејство дури ни по седумдневно воспаление, пишува медицинскиот журнал „The Lancet“. Воспаление на синусите е многу честа појава по прележана настинка или грип, а секога година се јавува кај еден до пет отсто од возрасната популација која ги прележува овие болести. Воспалението предизвикува висока температура, болки на лицето и челото и затнување на носот. Швајцарските научници во студијата советуваат лекарите да не препишуваат антибиотици доколку пациентите имаат воспалени синуси помалку од седум дена. Тие сметаат дека воспаленијата кои траат помалку од седум дена се од вирусна етиологија, па антибиотиците, кои не делуваат врз вирусите, се непотребни. (Д:Т)
|